Кога го купив мислев дека е комедија, ама одкако го догледав се скапав од плачење П.С не го гледам повеќе за да не плачам
Го имам гледано неколку пати, секогаш исто реагирам, се утепувам од плачење.Колку е мил Марли, колку ми беше жал, тоа е неописливо.Филм кој вреди да се погледне Спојлер
Само што го изгледав. Се утепав од плачење. Многу убава приказна, сите што го немате гледано, ви препорачувам да го гледате.
“Dogs are great. Bad dogs, if you can really call them that, are perhaps the greatest of them all.” ― John Grogan, Marley and Me: Life and Love With the World’s Worst Dog
Го симнав еднаш, го гледав и си плачев. Па го гледав на телевизија и пак си плачев. Па ми се расипа комјутерот, морав од почеток да го симнам. И пак го гледав и пак плачев. Ама пак ми е фаворит филмот...
Дефинитивно еден од моите фаворити...Прекрасен филм кој го доловува фактот дека не треба да си богат со убава кола многу пари и изглед за кучето да е покрај тебе...Само дај му ја целата љубов и сигурно ке ти биди вратена...Нешто слично кажа и Гроган во филмот...Само многу тажен крај,еднаш го гледав цел и па го гледав уште еднаш само без крајот...
Кога го гледав филмов ,инстантно посакав да си земам куче .Како голем љубител на животни успеа крајно да ме трогне и разнежни .Сега одкако имам куче уште повеќе се соживувам со филмот . A dog is the only thing on earth that loves u more he loves himself
Мојот омилен филм. + и дека има лабрадор во него, уште подобро. Инаку, направен е според вистинска приказна, вистинскиот сопственик на Марли сега повторно чува лабрадор, го имаше кај Цезар Милан.
Фантастичен филм навистина. Се наежив на самата помисла на него. Актерите, приказната... СОВРШЕНСТВО во боја. И јас исто така се расплакав на крајот иако обично на тажни филмови со дечко ми не плачам, но ова беше нешто посебно. Прекрасен. Абе сите пофалби од моја страна