Овај ги филм е посебен за мене. Го гледав лани и поради огромниот впечаток шо ми го остај ја пребарав цела Македонија по лабрадор. Иако дома не ме оставаја, сите пари шо си ги имав ги дадов и си ја купив најголемата среќа во мојот живот. И секако се вика Марли <3
Жален е филмот и има убава содржина го гледав пред некое време од почеток има смешни сцени ама после... колку е само слатко кученцето...
Кучево е оргинал значи ко кучето на дечко ми. Истите глупости ги прави ко Марли! Јас само еднаш го имам гледано филмов, немам срце за уште едно гледање.
Marley & Me е филм на моменти и многу од нив се симпатични . За секој кој некогаш имал куче или блиски миленичиња. Ова го прави да се сетам на времето кога свој миленик направил нешто слично.
Уште еден доказ дека филм со Џенифер А. е уствари пропаднат филм. Пораката на крај како животот е прекрасен со куче, а уствари речиси низ цел филм им правеше страшни пакости, проблеми и непријатности и ниту една сцена каде кучево е пријателски настроено, никаква хемија или поврзаност со членовите од семејството, освен таа каде ликот на Џенифер игра танго со кучето и моментот на загуба, значи сила да беа две сцени… Секоја им чест на нервите и трпението повеќе од една деценија што успеаа да го чуваат, мене нервоза ме фати од сцените, секој момент имав чувство дека ќе предизвика некоја трагедија во семејството. Ако некој се двоуми дали да чува куче, мислам после гледање на филмов дефинитивно ќе се предомисли.