Мармалад многу сакам, особено домашен, од рака на мајка, од дунки. Нема многу шеќер, не е многу благ и оди предобро со благи и млеко
Додека беше баба ми жива, си го јадев најубавиот домашен мармалад. Сега не јадам никаков, купечките ич не ми се убави.
Маргарин намачкан на лепче па одозгора марамалад од кајсија во комбинација со чај,совршен за зимските утра
Старите прават домашен и мармалад и џем од разни овошки. Јас ги користам за милиброд, за некои брзи тортички и за палачинки кога ќе ни текне доцна навечер а нема во фризот еурокрем. Во последно време и на лепче со путер мачкам.
Dzem ne sakame nikoj doma a marmalad momentalno imam tegla od mama sto pravi koga nema domasen marmalad retko kupuvame.
Да, ама не секој џем и само домашно подготвен. Под домашно подговен мислам од непрскано овошје и со малку шеќер. Не јадам често, ама неодолива комбинција ми е топло лепче или пециво со путер и одозгора џем - тн. хотелски доручек Омилен џем ми е од боровници, аронија, шумски јагоди дуњи, сливи и шипинки.
Знаев дека џемот се мачка на леб и понекогаш оди добро со путер од кикирики ама не знаев дека може да биде верен.
Jas marmalad obozavam od slivi modri I kajsii mng e ubav kiselok ne e mnogu blag domashen majka mi go pravese I se izede leee luge mi se.prijade
Обожавам мармалади, џемови, компоти, и секакви домашни слатки и сокови од овошје, особено кога се подготвени од моите баби.
Користам само во торти, колачи и тоа домашен мармалад од модри сливи. На лебче немам мачкано и не знам дали некогаш ќе пробам. Мм моментално јаде купечки од шумски плодови ама и тој не ме привлекува.
Мармаладот и џемот од сливи одлично одат во комбинација со палачинки , потпечено лепче со маргарин/путер , колачи . Јас највеќе сакам дома подготвени , но кога не сме во можност да ги спремиме , јадам и купечки ( кога ќе ме мавне криза за благо ) . Од домашните мармалади го сакам од модри сливи највеќе , од купечките од јагоди , шумско овошје