Мармалад

Дискусија во 'Рецепти' започната од H0neY, 18 септември 2010.

  1. H0neY

    H0neY Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Девојки денес мајка ми си собра дренки, па ајде рековме да направиме мармалад :D
    Знае ли некоја од вас некој рецепт? Би ви била благодарна ако го споделите со нас :)
    Поздрав
     
  2. vikule89

    vikule89 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    мармалад од праски/кајсии

    ке ве молам за рецепт скакам да направам мармалад од праски и кајсии и сокце од праски рецепт ке ве молам.....благодарам
     
  3. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    55
    Majka mi pravese marmalad od kajsii i vaka go pravevme :
    6 kg.kajsii, 3 kg seker i limontus
    -Samo gi izvadivme semkite i vo tendzere 2 kg kajsii pa 1 kg seker znaci taka redeno i se stava vo relna i privremeno se mesa koga ke e nekade na polovina gotovo se stava limontusot i posle vo zavisnost od gustinata se vadi od relna. I mozam da kazam deka e sovrsennnn mmmmmmmmmmmmmmmmm :inlove: ako nesto ne sakas podetalno da ti kazam pisi mi pak :)
    ( se izvinuvam sto ne pisuvam na kirilica ama nesto mk podrska me zavrkava )
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Леле мармалад обожавам. Го јадам од секој вид на овошје, ама од праски и мешан ми е најомилен.
    Го сркам со лажица. Рецепт да ви дадам за жал немам, не правиме дома, најчесто го купуваме готов од тегла.
    ЕДИТ: најдов рецепт за мармалад.
    Мармалад од сливи[​IMG]

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    6 Шекер лажичка/ки
    1000 грама Сливи
    ПОДГОТОВКА:
    Сливите се мијат добро, една по една, се вадат семките и се сецкаат на ситни парчиња (ако не ве мрзи, може и да се сомелат). Од 1 кг сливи, излегува отприлика 1 тегла мармалад.
    Се ставаат на тивок оган да се варат. Во тенџерето се става многу малку вода, за да не загорат додека се варат.
    Одвреме навреме промешуваме со дрвена готварска лажица.
    Кога веќе сливите ке омекнат, ги посипуваме со шеќер, потребно е малку шеќер (од око и по ваш вкус).
    Времето кое ви е потребно за ова вкусно слатко, зависи од количината која ја правите.

    Мармалад од дињи
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    720 грама Шеќер
    1000 грама Дуња
    ПОДГОТОВКА:
    Исечената диња на коцкички се посипува со шеќер и се остава покриена со крпа да пеноќи.

    Утредента се пасира масата и се става да се вари додека убаво се згусти.

    Уште врел со мармаладот се полнат тегли, а откако ќе се олади, се затвора со целофан.

    Мармалад од тиква[​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    500 грама Шеќер
    малку Цимет
    500 грама Тиква
    150 грама Портокал
    1 парче/чиња Лимон
    ПОДГОТОВКА:
    Тиквата излупете ја, месето исецкајте го на коцкички и варете го во солена вода околу еден час, т.е. додека месото омекне.

    Потоа исцедете ги, коцкичките испасирајте ги, а добиената каша измешајте ја со еднакво количество шеќер, па оставете ја да отстои 24 часа.

    По желба додадете каранфилчиња, цимет, кора и месо од портокал и лимон, па смесата варете ја уште половина час.

    Врелиот мармалад ставајте го во врели тегли и пастеризирајте го во рерна половина час на температура од 80-90 степени.

    Мармалад од праски[​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    1000 грама Шеќер
    1200 грама Праски
    ПОДГОТОВКА:
    Праските се лупат и се пасираат. Одделно се вари сируп од 1 кгр. Шеќер и половина литар вода.Пасираната маса се додава во сирупот ,се вари толку долго додека масата стане доволно густа. Додека е врел мармаладот се става во загреани тегли.Откако ќе се олади се затвора со целофан.
     
  5. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Сакам да направам мармалад од шипинки, па ако некој знае рецепт нека го напиши. :)
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    12.857
    Пол:
    Женски
    Мармаладот од праски не е посебно популарен, најверојатно затоа што има некако неутрален вкус.
    Но, добив голема количина праски и се одлучив на ризик.

    Прво, праските ги излупив и ги исецкав на поситни парчиња и малку ги пропасирав со рачна пасирка. На килограм праски ставав 200-250 г шеќер затоа што праските беа зрели и благи. Мармаладот го варев на тивко. Додадов ванилин шеќер, цимет, малку рум, мускатно оревче и сок од лимон.

    Испадна феноменален вкус, а посебен шмек му даде оревчето. Единствено малку е потечен од вообичаено, па на следната тура ќе ставам џем-фикс.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.