Не сум носела ни како мала,шо знам не верував во нив..ама на братучетка ми секогаш и се исполнуваше кога ке ја закачи на родно дрво.Чудна работа
За мартинки јас дознав дека постојат од лани.Пред тоа не.Дали сум во таков век родена што во моето детство не сум слушнала за мартинка а не сум ни видела.Обично слушам „Мартинките ме потсеќаат на моето детство“,и јас сакам да го кажам тоа за некои години ама нема да можам.Штета. Но ајде,се ближи 1-ви Март.За ништо не е доцна
Девојки каде има низ Скопјево мартинки да си купам? Порано сум правела сама, до лани внуката ми правеше и сега ми отиде на шетање и додека да дојде,скоро и да ќе замине март, а сакам уште од 1ви да си ја ставам (заедно со спамовите на песната од каролина на фб ) Фала. едит: сега го видов постот на Snow-Queen, што се нема да прочиташ... не сум нешто побожна, а и да бев немаше да ми смени тоа нешто. За мене носењето мартинка е убав спомен од детството кое си го негувам се уште како традиција
СДК....тоа што го постирав не значи дека и оваа година нема да си купам мартинка Последните 2 години желбите ми се исполнија Искрено и длабоко верувам дека и оваа година ќе е така.
Гледам веќе почнале да врзуваат мартинки, па ме интересира каде можам да најдам, продаваат некаде? Многу сакам да си ставам годинава.
Обожавам да ги правам Ги носам за да го одбележам месецот, да ми се разубави раката Желби и закачување на дрво не сум практикувала После завршувањето на месецот мартинката ќе се најде во некоја фиока Еве денес што направивме Спојлер Мал дел од мартинките за закачени, ова е само за на изложба
Денес видов еден чичко продаваше пред Теранова, само што брзав и не успеав да ги разгледам убаво, ни да видам цена... утре
А во Куманово негде мартинки има? Нова сум тука па не знам што како И како што сфатив се става на 1 Март не може после тоа? Се замислува желба и после кога се вади за да се стави на родно дрво?
Дојде и денот да ги ставиме мартинките јас сакам да му ставам на бебето 3 месеци е мајка ми му ја купи едната е за рачето а другата се закопчува на блуза може ли на мало бебе да се стави или јас да ги носам место него