Леле колку се изнервирав прееска во врска со мартинкиве. Имав направено за мене и за брат ми и ај први март си викам ќе си ги врземе мартинките. Ги врзавме што ги врзавме и кога не виде татко ми кога почна да урла дека тоа било бугарска традиција, да сме ги изваделе, незнам таму што . Ама само за да се смири ги извадивме и ќе ги ставиме на 14ти пак ама сега на по невидливо место Иначе мислам декаод црвен крст продаваат скоро секоја година, бар јас ги имам начекано неколку годинипо ред, а и не се скапи, некои 10-20денари мислам дека се
Денес т.е веќе вчера и јас си ставив мартинка. Сама си ја правев дома. Другарка ми случајно спомна, инаку немаше да се сетам. Пред две години носев исто, ама не се сеќавам дали имам замислувано желба. Знам дека кога видов штрк, ја закачив на јаболко. Е сега желба замислив, а колку ке се исполни ќе видиме Повише ми е интересно затоа што со боите ми ја разбива некако монотонијата
Еве нешто интересно за мартинките За мене е суеверие и нема ама баш никакво значење. До пред некој ден не ни знаев дека луѓето бизарно ерувале дека овие конци "носат среќа". Мартинки Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господари не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога. 1.pngНосењето на ‘мартинка’ е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва. Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто - без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас. Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие. Извор www.bigorski.org.mk
Јас никогаш не сум ставала мартинки,а до пред некое време не ни знаев зошто се ставаат,ама ете дознав.
Денес со внуками си добивме мартинки,морав и јас да ја ставам за да ја стави и таа зошто не сакаше,сега си ја носам
Сум заборавила да пишам дека пред две недели видов и штрк и ластовички ја извадив мартинката, си замислив желба и ја закачив на расцветано дрвце Останува да видиме дали ќе ми се исполни желбата
Ги видов на пазарчето Буњаковец, на тезга за козметика. Веројатно ги има по сите пазари по ниски цени од 50 ден. некаде. Но не беа од волница туку од тој дебелиот конец за алки и плус имаа некои црвено-бели додатоци по нив.
Последниве години не сум носела мартинки. Кога бев мала баба ми или мајка ми ни ги правеа и ни ги ставаа на рака. Јас минатата година овој период бев во Бугарија и таму какви убави мартинки видов,да не знаеш која да ја одбереш.
Првпат за ова слушнав во втора средно. кога не тераа да плетеме мартинки да ги делиме низ школо. Прочитав зошто се ставаат и искрено уште не ми е јасно што уште се крева толкава фама.