Има во ГТЦ во бижутериите, поточно видов во онаа што е во првиот пролаз кога влегуваш од страната на плоштад (кај стопанска банка) лево. Не знам како се вика дуќанот. Од 50 ден нагоре беа.
Јас не носам. Збеснав кога видов дека некој му ставил на син ми. А тој за малку ќе го голтнеше тоа украсчето на мартинката. Му ја извадив и не му ставам ништо.
Јас правам мартинки. И си носам, секако. И уште чекам да видам ластовичка или расцветано дрво. И не ми смета во вербата/религиозниот став.
Носев годинава 2 дена и ја извадив. Ме нервираа. Прочитав дека оној кој носи, се одрекува од бог, свесно или несвесно.
Коа бев мала носев до 12-13 години после не, сметам дека тоа се детски работи иаку ги носат и возрасни но, не знам зошто мене ми изгледаат детски. Се настрана па и прочитав некаде дека "тој што верува дека мартинката ќе му донесе среќа, не верува во Бога" (не знам колку е точно) Али битно знам дека мартинките среќа НЕ НОСАТ!
Не ми донесла некоја среќа мартинката, но скоро секоја година носам онака. Еве годинава си ставив на Летник и не ја ваѓам додека не видам ластовичка. Па што ако пораснав, да си побарам и јас нешто за Велигден. Кај нас е така - бараш нешто за Велигден од ластовичката да ти донесе (пр. девојчињата бараат фустанче) и ја качиш на трендафил. Инаку баба ми ми прави од волница. Доволно ми е само да е црвено-бела. Укравчиња не сакам.
Си врзавте ли мартинки? Јас кога бев дете не се практикуваше, барем во моетото опкружување. Но гледам последниве години доста си ставаат.