Кога праела баба ми сум носела кратко во детство. Ама не носам зошто ми смета на кожата, генерално ништо не носам на мене, па ни врвка. Ама интересен дел од традицијата ми е и во иднина деца ако ми толерираат работи на кожа би му праела лично.
Годинава сите со мартинка, па и мачката околу врат. Само ми е криво што со глобалното затоплување, уште пред март и расцутани дрва, а и штрк видов. Треба да ја апдејтираме традицијата до кога да се носи.
Ова ми е една од најубавите традиции. Лани носев и годинава сакам, иако не успевам баш на први да ставам. Лани ја оставив на расцветано дрво и истата година ми се оствари голема желба. Не дека има врска нешто, ама интересна е помислата, надеж дава.