Јас порано си ги правев самата, ама последниве неколку години си носам купени, дечко ми ми ги носи (некои се со срценца измеѓу плетеното, некои со топчиња, со мониста....), и преубаво изгледаат, дури ти е мака да ги оставиш после на дрвото
Јас носам секогаш,речиси и да не ја вадам,ама секоја година на први март добивам нова и ја врзувам на раката,на зглобот на ногата ја префрлам откако ќе заврши март ( ).Како што кажав,март и се поврзано со него,го сметам за свој месец (на сите е де,не си го зимам,ама ете длабоко во себе така се чувствувам),па така што уживам во неговата смисла. Април е веќе навистина пролет,Мај мириса на лето...ама Март мириса на надеж,кој што сака нека каже. Има многу на интернетов за празников и навистина ми е криво што Ксантика нема убаво место во нашите празници,а навистина би било интересно.Би бил и добар ко комерцијален празник како што западњациве го имаат Валентин.Ама сепак,суштината и значењето негово е навистина прекрасно.
Март е како човек...непредвидлив и секогаш има нешто ново,затоа од старт ти дава надеж за убави промени,ама може и да те затрупа во снег или ќе ти биде проклето жешко ама убаво.Во март започнува она стандардно чувство на заљубеност во пролет,па дури и кога не си зљубен навистина.Се е убаво и во април и во мај...ама...веќе е очекувано дека тоа ќе биде така,плус...Март мече ќе роди дур да ја натера природата да се разбуди! Убав е Март!И има убаво име!Сега чекајте ги качунките,првите пупки на дрвцињата,првата зелена тревичка...Март асоцира и на цртан филм!Не знам зошто,ама ете така! Се расприкажав...ама така си е!
Јас за ова прв пат слушам, а кога ја видов темава си помислив на чевли мартинки Ама не е лошо да се направи, секако е само за добро. Инаку јас Март не го сакам ама ич. Времето е најникакво, не знаеш сабајлето дали снег, дали дожд, дали сонце ќе те најде. Превртлив месец е. Ама затоа и јас си расцутувам со Април, тогаш си се будам од зимски сон
Еее Виножитке,каква си неспонтана.Април е проклето предвидлив и мора таков да биде,друго не се очекува од него! Де пиши Ксантика,да пиши за март таму и не јади белгијски вафли (леле колку се добри,ааааууууф!)!
Виножитке мор, не зборувај така, ќе се налути баба Марта и ќе те казни Се сеќавате ли на таа приказната со девојчето и 12 - те месеци? Баба Марта главна беше таму И само таа беше жена, другите месеци беа мажи Значи дефинитивно март е месец на жената, не само заради 8 - ми март
И јас како носев како мала, едвај чекав март да дојде.Си носев и лаи цел месец, другарка ми донесе од Бугарија, тука никаде не сум сретнала.Ако да си ја ставам таа од лани?
ее што убаво ме потсетивте, сега ќе одам да ги распретам во конците на свекрвами, а како беше си замислуаш желба сега кога си ја врзуваш или кога ја ставаш на дрвото
Јас секоја година носам, во мојот град сите носат можеби е влијанието од Бугарија. Ете денес си имав 5 наредени на рака а имам уште многу! Обичај е саканиот да ти купи мартинка, но јас заљубена сама во себе си купив самата Ние не ги ставаме на никакво дрво ,туку чекаме кога прв пат видиме штрк тогаш ја тргаме мартинката и си замислуваме желба. И не ги фрламе мартинките, може да се носат и догодина.
Се носаат или до празникот Св. 40 Маченици, или до Благовештение. Посакувааш си желба во моментот во кој ја ставааш под камен, или на дрво.
Ксантика е чист,наш празник,така што бугарски малку утре,а и обичајот е наш. Се смета дека Март е почеток на новото,месец кој го победува мртвото време,еве и нешто поопширно. Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот. Ксантика Македонците ја празнувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет. Се чини дека Ксантика е оставена на заборавот на времето, да изгасне со природна смрт. Може и затоа што таа е чист македонски феномен, никој од нашите соседи не се осмелил да ја присвои и прикаже како дел од своето културно наследство. Првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. Многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и Куртиј Руф. Тие во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци. Од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури. Празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители. Македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови. Современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви. Тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила. Вреди да се нагласи дека и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник - Ксантика. Што значи "Ксантика" и зошто Македонците го празнувале овој празник спонтано со невиден занес, гордост и љубов? Неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: "Орфеј - Горпеј", ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј). Според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите. Во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија. Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика. Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија). Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец. Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот. Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија". Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта. Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила. Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес. Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите. Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите. Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите. Децата ги носеа како белегзии на рацете. На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено. Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко. Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит. Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност. Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг). Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното). Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите. Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.
Бабами ми направи мартинка со црно и бело многи е убава, а сестра ми ми подари друга со црвено и бело...обично знам дека мартинките се подаруваат за СРЕЌА И ЉУБОВ
^Мене ми е црвено со бело.. барем ние така правиме во Струмица.. Си ја направив вчера сама, а на крај и закачив едни монистри-цветчиња со црвено и малце беличко, а сабајле кога станав за на школо мајка ми ми ја закачи и ми посака да ми се исполнат желбите
Црвено и бело.Јас така знам.Се става на рака на 1ви март и се носи додека да ја видиш првата ластовичка.Потоа ја тргаш и си замислуваш желба. Така баба ми ми кажуваше.
Бел и црвен конец, по можност некој подебел да се гледа покрупна така Ги мотате да испадне нешто ко плетенка, ги врзувате на левата рака и чекате да ја видите првата ластовички или штрк. Ги има низ Скопје готови со по некој приврзок на нив. Откако ќе ја видите, мартинката се одврзува и се става под некој камен во дворот. Секое утре на тоа место мајка ви треба да ви става некоја 10 денарка ( демек штркот оставил). Мајка ми ставила, еднаш, два пати паричка и после ја зела мартинката демек штркот ја зел и јас си направив уште една и и викам - Мамо, зошто штркот не ми става уште пари? - Па, толку си нема веќе мартинка, ја зел со него. - Епа јас си ставив и друга, за другиот штрк.
Леле кога го прочитав насловот на темата си помислив...еееее оваа тема е за оние чизмите мартинки...а оно да ти било за нешто друго инаку никогаш до сега немам ни чуено за нив а камо ли да носам... п.с-А може ли од овие обичните конци за шиење да се направи тоа чудо,секако со повеке слоеви од двете макари,или лупам глупости