Јас си направив сношти и сабајле мама ми ја стави. Ја направив како плетенка со бело и црвено, а на крај ставив црвени, бело, и она синото со окце монитри. И мислам дека е баш убав овој адет, мартинките со нивната боја ме потсетуваат на нешто чисто и убаво.
Јас како што знам нема врска кој ке ти ја врзе. Бас сега убаво ме потсетивте да си ја ставам мојата мартиник. Инаку се става на 1 марти се носи се додека не видете штрк а потоа некој велат дека треба да се стави во распукнато дрво некој велат дека терба да се закачи на гранка од дрво а некој велат дека треба да се стави под камен. Но сепак секој крај си има своја традиција во врска со оваа.
Во Бугарија на секој чекор се продаваат мартинки,си купив неколку Многу ми се интересни и фино изгледаат и не се само за на рака туку има и да се закачи на блуза. Честито Баба Марта
Никогаш во животот не сум успеала да го запазам овој обичај, а ми се допаѓа и сум сакала барем еднаш да го исполнам и да си ставам мартинка. Не знам од каде потекнува, но знам дека во Бугарија конкретно доста се почитува (или барем така имам разбрано). Имам слушнато повеќе верзии и искрено не знам која е поверодостојна и точна. Јас сакав да си ставам оваа година, но ми кажаа дека се ставало на 1 март пред изгревот на сонцето , се замислувало желба и после кога ќе видиш штрк, се ставала мартинката под камен. Според оваа верзија, веќе немам шанси за оваа година, а баш сакав... мхмм
Jас секоја година си носам мартинки и многу ми се симпатични.Се подаруваат на 1ви март и се носи се додека не се види штрк,а потоа се замислува желба и се заврзува на плодно дрво.Тие се носат за срека,а денешниот ден 1ви март во минатото Македонците го славеле како празник на пролетта,љубовта и цвекињата . Мартинките имаат две основни бои од кои се плетат ЦРВЕНАТА И БЕЛАТА,па подоцна обично се додаваат некој украси со плава боја или пак најчесто се става плавото окце за кое што се верува дека е против уроци Како и да е најверојатно секој дел си има своја приказна за овој адет,но едното е заедничко ја наговестува пролетта и цвекињата заедно со неа а и што е најубаво со нив заедно доаѓа и ЉУБОВТА па уживајте ... п.с штрк во Скопје може нема да видите ,но ако прошетате накај Катланово со сигурност ке видите некој штрк затоа што ги има многу http://www.kurir.mk/makedonija/kultura/ ... mesec-mart овде можете да прочитате нешто повеке за обичајот и за мартинките
Јас вчера заборавив, ама еве денес (патерица, се важи, претпоставувам ), им ставив мартинки на децата.
И јас сметам дека треба од 14ти, ако веќе се држиме до традицијата И се надевам дека до тогаш ќе набавам една мартинка од кај баба ми
Како мала носев мартинки ама па и како што ги гледам денешниве деца не носат, незнам дали и знаат што е тоа. А и наку јас си имав и беџови на кои имаше закачено мартинки, така се продаваа и тиесе ги носев на ташната за училиште или пак на некоја блуза
Јас вечерва ќе си ставам сама... обично кога бев дома баба ми ја имаше таа обврска и нешто си наговараше дури ми врзуваше ама сега јас само официјално ќе си ја врзам, ради редот.
Денес Македонците го празнуваат денот „Летник“. По стариот календар овој ден се празнува на први март, а по новиот денес, на 14 март. Според народните преданија, тоа што денес ќе ви се случи, ќе ви се случува цело лето. Овој празник датира уште од античко време, а своите корени ги има задржано особено во западните делови на Македонија, каде што во областа Голо Брдо сè уште се празнува и тоа дури и од муслиманското население, коишто заедно со христијаните положуваат внимание на Летникот. Во античка Македонија празникот бил нарекуван Ксантика и како и денешната верзија наречена Летник, го славел сонцето и зголемувањето на денот, односно завршувањето на зимата и доаѓањето на пролетта, односно топлото лето веднаш по него. На овој ден почнуваат да се враќаат и птиците преселници од јужните краишта, а во различни делови од земјата, се одбележува и на различен начин. Пред сè, заради верувањето дека како ќе тргне овој ден, така ќе оди цело лето, луѓето наутро бркнуваат во своите џебови за да извадат паричка со што целото лето ќе биде богато. Сечија желба било да се случи нешто позитивно, за остатокот од периодот да биде исто така позитивен. Македонскиот симбол, мартинките, на овој ден се доста значајни, бидејќи речиси во сите краишта се користат како симбол за денешниот ден. Се прават од црвен и бел конец и се врзуваат на некој дел од телото. Епа, среќен празник Македонци.
По правило се става на 14 март, не знам откај му истекнало на сите на 1 март, Јас от ко знам за себе, баба ми ни ги праеше на 14, така по старо било 1 март, Вчера се ставив и секоја година си носам, Само не знам кога се вадат, на 7 април така?