се вадат кога ќе ја видиш првата ластовица или штрк, и тогаш ја закачуваш на родно дрво и си замислуваш желба
14-ти Март (први март по стариот календар), Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија - Летник На овој ден низ цела Македонија се изведуваат богати обичаи кои врз магиски принцип треба да обезбедат заштита од разни штетници, од змии, болви, од шумски ѕверови, но и здравје на луѓето во претстојната работна сезона. Меѓу позначајните обичаи на овој празник е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец околу вратот или на рацете и нозете. Најчесто ги носат децата, но во некои краеви ги носеле сите членови во семејството како магиска заштита од несреќи. На помалите деца мартинка со паричка им врзувале околу вратот. Мартинките ги носеле се додека не виделе ластовица или штрк, тогаш ги фрлале велејќи: “На ти ластојце мартинка да ми дајш кошула“. Како прв пролетен или летен ден за Летник се поврзани и други обичаи и верувања што имаат за цел да иницираат среќа, здравје и бериќет во текот на цела година. Па со мартинка или без нека ни е среќна и бериќетна годинава.
Да ставив.Кога бев мала на двете раце,на двете нозе и ланче со паричка ставав мислев дека поголема среќа ќе имам ако имам повеќе
како мала сега ми кажа мајка ми ми врзувале,али од коа пораснав си неам стаено ,и сеа коа прочитав ми дојде идеа да си ставам и јас...па ако не утре ќе си ставам Спојлер Има ли некаде да најдам...како да направам сама мартинка???
многу лесно, земи три конци, ја земав 2 бели и еден црвен, и исто како плетенка кога плетеш, и на крај ја врзуваш.
Си врзав и јас синоќа тенка малечка. Ајде сега отворете очите четири и гледајте што пиле ве надлетува
Пред една недела ми поклонија и веднаш си ја ставив. Да видиме дали ќе ми се оствари. Едит:Не сум знаела дека имало одреден датум на ставање. Мене ми кажаа месецов се носела,а во април се вадела и се обесувала на расцутено дрво. За датумите прв пат слушам.
Вчера си ја исплетев и ми ја врза мајка ми. Досега немав носено, и не знаев кога да ја ставам, па што покасно, подобро, помалце време ќе ја носам! Ај сега поглед кон небо!