Кога бев Бугарија дента кога стигнав веднаш на пиџамите ми закачија две срценца црвено и бело а на раката ми врзаа мартинка и ја носев се додека не си дојдов во Македонија Инаку до лани носев али годинава некако ме мрзеше а плетам и така оставив.
Луѓееее вчера бев у шутка, и пробувајќи триста чуда, ми испаднала мартинката Дали може сега да си ставам нова вааааааааааа
Кај нас на денешен ден се вади мартинката и се фрла на трендафил и се промрморува нешто... непамтам точно, не ме фаќајте за збор ама мислам дека беше -На ти бело црвено, дај ми сино зелено-. Кој видел преселна птица порано од Благовец, ја фрла кога ќе види ластовичка, штрк или некоја друга преселна птица.
Јас секоја година си правам така и на крајот на месецот си го ставам под некој камен незнам зошто но така ми рече баба .
Мене мојата пред 1-2 недели ми се рашири малку и ми падна . Ама уште ја чувам, да си ја ставам пак може или што да и направам?
таа се става на 1 Март, се вади кога ќе ја видиш првата ластовица или штрк инаку ако ти паднала,сега стави си ја на родно дрво и замисли си желба.....а нова до година ќе си ставиш
И не само раце ако сакате можете и со нозе и врат ја нозе и раце а на врат неможам и никогаш не ми паднала мартинки а мартинки се црвена и бела како плетенки ама по 2 конци прам а кај нас е вака кога ќе го видиш штркот тогаш да си извадиш и клаваш под дрво каде што е блиску кај штркот и ќе си замисли желба..