Да, и годинава ќе си направам мартинка. Си правам уште од малечка и не ги фрлам на дрво или нешто слично, туку си ги носам Замислувам и желба, иако досега не ми се исполнила некоја
Да не ги сретнавте по градов деновиве? Ако не најдам задутре на плоштад, тогаш обавезно сама ќе си направам
И баба ми така прави за сите внучиња и тоа ги прави преубави и не прашува во какви бои сакаме.. И цел Февруари правеше па така да вечер конечно ќе ни ги даде
Во моето место мартинките се прават на 14 март, поточно на Летник. Така да, ќе си почекам уште малку за мојата
Не памтам да сум носела некогаш Мартинка,или можеби сум носела кога сум била многу многу мала,ама сега не. Инаку знам дека во моето место каде што живеам се ставаат на 14 март -Летник,а се чуваат додека не видиш ластовичка или штрк.Мислам.Е сега од кога ќе видиш мислам дека треба да е фрлиш по вода,или пак да е фрлиш кај некое родно дрво.И да замислиш желба.Ова баба ми ми го има кажувано незнам колку е точно. А и уште нешто,ако е носиш на рака Мартинката и ако некој ти е поплука,мора веднаш да е извадиш и да е фрлиш.А незнам зошто е тоа така
Секогаш велам да не заборавам да си врзам мартинка...и упорно заборавам секоја година. И се откажав веќе. Инаку, кога сте кај желбите што ги 'исполнува' матринката, да знаете...мојата од пред 6 години уште не е исполнета.
Епа, мојата желба од лани се исполни, а не ја ни обесив мартинката на дрво. Си ја чувам уште за спомен и долго сеќавање. Инаку, годинава од премногу обврски заборавив да си ставам. Секоја година ставам на први, оваа за прв пат ќе ставам на 14-ти. Се надевам дека нема повторно да ја заборавам.
мене баба ми,ми ја стави во петокот не идеме по датуми.Лани заборавив да ставам па ај ми текна оваа година дека имам многу желби за исполнување
Како помала ставав мартинки, сега не. Инаку мислам на Летник се ставаа кај нас, и треба да ја извадиш кога ќе видиш Штрк