како што си пишав јас мојата си ја ставив на 6-ти но и вчера ја извадив бидејќи видов расцветано дрво и ја обесив на дрвото што ни е во двор. Некои кога ќе видат штрк ја вадат некои кога ќе видат птици ја фрлаат по патот на кој летала но јас си терам со години со расцветано дрво. :geek: Е сеа уште да се види дали ќе се исполни желбата.
Колку што знам треба да ја извадиш кога ќе видиш расцветано дрво, штрк или ластовичка, да замислиш желба и да ја закачиш на дрво или како што слушнав по ново да ја ставиш под некој бел камен
Мартинките се ставаат денес бидејќи денес е Летник..барем така ми кажаа де И ете, јас немав направено, но една моја колешка имаше па ми заврза на раката да си ја носам (фала Диди ). Кога бев мала секогаш ја ставав под камен кога ќе видев штрк..или птица што ми личеше на штрк и се разбира си замислував желба пред да ја ставам под каменот. Не се сеќавам најдобро, но мислам дека следниот ден мартинката никогаш не беше на истото место, под истиот камен.. А што се однесува до желбите, воопшто не помнам што сум посакувала или дали ми се остварувале, но ете, годинава допрва ќе проверам
Јас колку што знам (и како што правеше Бабе годиниве наназад) се врзува ноќта СПРОТИ Летник, значи вечерта на 13ти спрема 14ти Март, и се носи на рака се‘ додека не се види некоја птица преселница. Доколку до празникот Благоец не видите таква птица, на Благоец ја вадите мартинката и ја бесите на расцветано дрво.
Видов ластовицааа Уште вчера,ама ја немам извадено алкава,зошто немам родно дрво околу зградава.Па чекам да одам кај дечко ми и во двор на сливата да си ја закачам.
јас уште ја носам, па не сум видела штрк, ниту ластовица. Јас пак знам дека кога ќе видиш штрк, се става на расцутено дрво. Е денес на работа и јас го слушнав тоа, за под бел камен. Различни обичаи. Ја ставив на 1 и ќе ја носам до Благовец (освен во случај, ако не видам штрк)
Јас ја видов уште на 3ти, ама џабе не налетав на родно дрво. Ама ете денес ќе идам кај дечко ми, па ќе си ја закачам кај него во двор на сливата. п.с. сите што не сте виделе до сега, не заборавајте дека утре се вади.
Со овие мартинкиве сум се пресмеала значи..Татко ми ми вика Торте коа ќе видеш ластовичка да ја извадиш мартинката од рака и ја цела влезена у филм нешо и викам Океј тато коа ќе видам чавка ќе ја извадам.... Божеее