1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мартин Идн (Џек Лондон)

Дискусија во 'Книги' започната од sesilija, 27 март 2011.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    [​IMG]

    Роман од Џек Лондон за морнар кој ќе се вљуби во сестрата на човекот кој тој го одбранил во тепачка и поради таа љубов ќе сака да стане писател и богат :|
    Роман кој мене многу ми се допадна, иако на крај не заврши како што очекував сепак успеа да го измами од мене тоа што би требало секој роман- да ме натера да размисувам, и да сфатам дека од секогаш било така, дека законите на општеството газат се, па и љубовта на еден занесеник :doh:
    И на крај после толку трнливи патишта, победникот за жал останува сам, сам до неговата пропаст :(

    Вие како ја доживеавте оваа книга?
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Мене книгава не ми се допадна. Не знам зошто, ми беше некако монотона, како цело време да бев во исчекување дека нешто ќе се случи, ама... Ништо на крај :)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    :), гледаш, вкусови.

    Мене на крај ми беше ептен изненадување, оптимистот во мене чекаше друг крај, ама за жал :(
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Jaс некако очекував таков крај и потсвесно сакав
    да се удави
    :lol: Ете барем едно исчекување ми се исполни (злобна сум, знам) :lol:
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Мене оваа ми е една од омилените книги.
    Мартин Идн значи посветеност, истрајност, успех и неуспех. Многу комплициран лик кој навистина тера на размислување. Во книгата Џек Лондон суптилно ги изнесол и своите политички ставови, што ја прави уште позначајна. Во неа се насетува инспирација од Маркс, но и од Ниче. Голема спротивставеност, која го прави уште поинтересен за анализирање.

    Колку може да значи една љубов? До каде може да доведе една обична занесеност која преоѓа во опсесија? Приказната на романот е несекојдневна и прекрасна. Што е уште подобро? Стилот на Џек Лондон. Чисти и јасни, навиум едноставни, но длабоки реченици кои ја постигнуваат целта - да допрат до срцето на читателот.
     
    На Theodora, aNy-to и sesilija им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Стилот на Џек Лондон ми се допаѓа, книгата е необична, но крајот ме разочара, не сметам дека како последица на совладување на толку трнливиот пат на успехот, треба да следи таков исход. На крајот, оставам и малку доза на резерва дека има шанси и да е таква човечката природа, ако постигнам некаков голем успех ќе ви пишам пак подетално како се чувствувам :D .
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Мартин Идн ми една од топ 10 книгите кои ги сакам, кои ми оставиле голем впечаток.
    Точно дека е трнлив патот до успехот, но тоа не треба да биде причина за откажување туку напротив да ни биде мотивација. Патот кон успехот на Мартин Идн е тест за издржливоста, упорноста.. Во тоа може сите да се пронајдеме, тоа е животот, сплет од околности кои постојано ја тестираат нашата упорност.
    Првпат ја читав кога завршив 8 одд, крајот морам да признаам дека крајно ме разочара, очекував сосема поинаков расплет на околностите, но тоа е..
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Ауууу коментариве :x Дефинитивно треба да земам пак да ја препрочитам. Сигурно нешто сум испуштила.
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Ех колу убави теми, да си направиме културен муабет.
    Книгава дефинитивно и мене ми е една од омилените, и ми има оставено многу силен впечаток. Читана ми е пред многу години, но сепак ова е како јас ја протолкував. Мартин Идн, без разлика приказнава каде и да се одвивала, и во кое време, е слика за сите млади луѓе кои се навредувани и неприфатени од страна на елитата, и со сета сила копнеат да стигнат таму. Во случајов се работи за девојка која ја гледа како совршенство, и не е заљубен само во неа туку и во животот на висока нога кој таа го живее, нејзиното семејство се тоа му изгледа како цел која треба да ја достигне, за да може да почне да живее. Крајно интелегентен амбициозен, успева како писател и се качува на нивно рамниште. И што потоа? За да види дека сето тоа е една голема драма, и дека не е таму вистинската среќа. Затоа крајот е таков каков што е. Многу имам размислувано за крајот, и за целата поента на книгава, заклучокот беше дека не се што ни изгледа фантастично е навистина така, ако правиме некои работи да ги правиме ако навистина нас не исполнуваат, а не за да оставиме впечаток кај некои кои се милион пати полоши од нас, само за да бидеме прифатени. Оваа книга мислам дека секој еден треба да си ја прочита и да ја протолкува на свој начин, бидејќи книгата е стварно вредна.
     
    На Theodora и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Јас ја прочитав книгава и цело време се прашував што ќе се случи и на крај
    се изненадив кога се удави :o
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Мене многу ми се допадна,ја читав пред неколку години,сега тешко дека ќе се сетам што точно беше :lol: ама знам само дека ептен ми се бендиса-освен крајот..... ;)
     
  12. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Ау го сакам ептен Мартин Идн,не толку делото туку баш ликот Мартин Идн на начинот на кој е претставен.
    Особено на неговата способност за идеализирање и издигнување до степен на божество,нешто надприродно,а сепак незаслепеност за сите земски слабости и моменти.Авантурист,храбар,хедонист,а со вонредни регулаторни механизми.Силен и со преизразен идентитет за средината и времето во кое живее,но решава да не се покори до самиот крај и да се шаблонизира во универзалнито мозаик на конформисти со ограничени хоризонти и просечни умови.Можеби токму тоа најмногу ми се допадна кај него,неговата апсолутна искреност со самиот себе која не му дозволи да ги продаде своите амбиции,стремежи,цели и вистински чувства за ниската цена на славата,општествениот углед,богатството,па дури и по цена на љубовта.Кај него ми се чини дека се е вистинско,се самоуби да,ама баш поради таа неспособност да се изманипулира себеси во името на некои фалшиви вредност и јас не го доживувам како слабич,напротив за тоа треба многу сила.А пак за неговата натприродна упорност и јачина на волјата не треба ни да зборувам,инспиративни се и достојни за почит.
    Се на се,многу впечатлив лик.Не сакам хепи енд завршетоци,ама па баш кога некој лик ќе ми се допадне безвезно завршува. :^) Но,ликот како лик мана си нема,се самоубил или не мене ми е сеедно. :)
     
    На ForeverYoung и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Мартин Идн ( Џек Лондон)

    Навистина многу убав а книга...но крајот ме разочара, :x очекував нешто друго...
     
  14. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Убава книга.. тешка и тажна но преубава
     
  15. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Една од најубавите. Нема да излажам дека многупати сум ја шитала. Секогаш и се навраќам. Ако сум вљубена во лик од роман, тоа е Мартин (Мартин Идн) како и Григориј Мелехов (Тихиот дон).
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Одлична книга со неочекуван крај.