Е на ова многу се смеев Никогаш не си легнувај налутен. Остани буден и расправај се. ама баш секогаш го применувам овој закон
Марфиеви закони: Најголемите идеи никогаш не остануваат запаметени, најглупавите изјави секогаш остануваат запаметени. Труманов закон: Ако не можеш да ги победиш, збуни ги. Кога се ќе откаже, прочитај го упатството. Секогаш кога се спремаш да направиш нешто, нешто друго мора прво да се направи. Се‘ тргнува на лошо оддеднаш. Марфиева филозофија: Смешкај се...утре ќе биде полошо. Колку повеќе касните, толку поголема е шансата да ги фатите сите црвени светла на патот. ( Ова мене секогаш ми се случува... )
Не постои такво нешто што се вика совршен план. На која страна и да се завртиш кога влегуваш во лифт,копчињата ќе бидат на спротивната. ај доста ви се
Се што било поминало, се што ќе биде ќе помине... Keep your face on the sunshine, and you will never see the shadows...
Компјутерите ви помагаат да си го потрошите вашето време ефикасно ''Прилично добро'' не постои... Освен ако имате краен рок.
Ако нешто може да тргне на лошо, ќе тргне на лошо, а ако повеќе работи можат да тргнат на лошо, ќе тргнат по најлош можен редослед.
1. Она малку што не си го сработил е секогаш поважно од она многу што си го сработил. 2. Правило на великаните: Кога некого на кого на големо му се восхитуваш и го цениш изгледа како да се занимава со длабоки мисли, веројатно рамислува за ручек. 3. Во било кој збир на податоци, оној податок кој се чини за исправен и е без потреба од проверување, во суштина е грешка. 4. Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата. 5. За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен. 6. Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот. 7. Љубовните писма, деловните договори и парите што ти ги должат секогаш доаѓаат со три недели задоцнување безначајната пошта стигнува истиот ден кога е пратена. 8. Кога камерата во крупен план држи спортист од машки род, тој или се чеша, или се чепка, или плука. 9. Јачината на чешањето е обратно пропорционална од можноста да го дофатиш местото кое те чеша. 10. Секој предмет кој ќе падне, ќе се стркала во најнепристапниот ќош. Човекот ми е генијален го обожавам. BTW дали знаете постои ли книга во која се собрани Марфиевите закони?
Единствениот лек против сексот е уште повеќе секс. Љубовта е триумф на имагинацијата над интелегенцијата. Што и да сакаш-неможеш да го имаш тоа што го имаш-не го ни сакаш. Никој не слуша додека не направиш грешка.
Зошто лебот секогаш паѓа на нaмaжаната страна? Зошто секогаш паѓаат дожд кога автомобил е измиен Зошто секогаш врне, кога ќе се мијат прозорци? Зошто секогаш автобус касни , кога најмногу ви е потребен Најглупавите изјави секогаш долго се паметат Животот е тркало кое некој намерно го запира Зошто тоалетна хартија снемува само кога е најголемата гужва?
Ако сте во лоша ситуација, не грижете се - ќе се промени. Ако сте во добра ситуација, не грижете се - ќе се промени. Ако ти е даден испит(тест) со дозволена "Отворена книга", ќе ја заборавиш книгата. Ако може да се скрши ќе се скрши,ама кога ќе му истече гаранцијата. Лепчето секогаш паѓа на намачканата страна. Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент. Кога не би имало жени, дијамантот би бил обично каменче.