Ако не се ожениш ќе се покаеш. Ако се ожениш ќе се покаеш уште повеќе. Бигамија значи една жена вишак. Моногамија исто така. Кога мажите би знаеле како жените го поминуваат времето кога се сами, никогаш не би помислиле да се оженат. Љубовта е нешто идеално, бракот е нешто реално. Предупредување: мешањето на идеално со реално е опасно. Ако се плашиш од осамност, никогаш немој да се омажиш. Кога ќе се заштитиш самиот себе, ожени се и заштити некој друг. Најдобар маж за било која жена е археолог. Колку е постара- толку му е поинтересна. Кога паровите не би живееле под ист покрив, би имало многу повеќе среќни бракови. Должината на бракот е обратно пропорционална со парите вложени во венчавката. За сите несреќни бракови, виновни се мажите кои немаат мозок. Никаде не пишува дека твојот сопруг баш никогаш не е во право. Кога се друго ќе пропадне, пробај да направиш како што ти советува жена ти. Во секој пар има барем еден идиот. Не е реткост ни да се двајца. Чевлите ќе почнеш да ги ставаш на место откако ќе нагазиш на сопствените омилени чевли. Никогаш немој да дозволиш тој да почувствува дека си подобра од него. Ако му кажеш на маж ти да купи 5 работи од продавница, и во последен момент му додадеш уште една, тој ќе ги заборави првите 2 со гаранција! Еден брачен пар е добро споен кога двајцата сопружници ќе почувствуваат желба за расправија во исто време. На кој начин да се согласите со сопругот за домаќинските работи, неговите по правило ќе бидат полесни. Поклоните кои и ги купуваш на својата жена никогаш не се така погодени како оние кои и ги купува комшијата на неговата. Парталчињата на жените се шират се додека не ги превземат сите расположливи плакари низ домот.
Подобро да испаднеш будала одколку од авион Боље је издати плочи него пријатеља. И боље бити Ван Бастен него ван себе
Никогаш не си легнувај налутен. Остани буден и расправај се. Најдобрите работи во животот се бесплатни и вредат за секоја паричка. Хаосот секогаш победува бидејќи е подобро организиран. Расположи се, најлошото допрва доаѓа. Се што е убаво во животот е или илегално, не морално или здебелува. Марфи бил оптимист. И така натаму...
1 Зашто да биде едноставно кога може да биде сложено. 2 Расположи се, најлошото допрва доаѓа. 3 Чадот од цигарата секогаш оди кон непушачите.
Ако станам порано и отидам на станица да чекам автобус, ќе смрзнам како куче! А ако наредниот ден малку почекам дома за да не ми е ладно, додека се симнам на станица ми отиде автобусот!!! Цела недела ми се случува ова!
Ако вие сте дошле прерано, автобусот доцни. Ако вие сте задоцниле, автобусот отишол прерано. Шансите лебот да падне од намачканата страна врз килимот се правопропорционални на цената на килимот.
Шансите да го сретнеш бившиот кој не си го видела од памти-век се право пропорционални со неуредноста на твојата коса/шминка.
Неколку програмерски Марфиеви закони: -Бројот на грешки секогаш го надминува бројот на линии код на програмата. -Програма што компајлира од прва има грешка во алгоритамот. -Програмата ќе работи како што треба само кога не ти е гајле за тоа. -Единствената програма што работи перфектно секојпат е вирусот. -Софтверските грешки можат да бидат детектирани само од крајниот корисник.
Ако за тест или испрашување ги научиш сите лекции освен една обавезно ти се паѓа таа шо не си ја научил Обожавам да ги читам неговите закони
Кога се изневерува сите во околината знаат, освен личноста што е изневерена. Кога најитно ти треба мобилниот или немаш пари или не ти одговараат.
Марфиеви закони за љубовта - Најдобриот секс ќе го добиеш од онаа личност која најмногу не ти одговара. - Секогаш е полесно да најдеш партнер кога си веќе во врска. - Секогаш кога нешто може да се случи уште на првиот состанок, е тогаш кога немаш кондом. - Не е важна големината на стапчето, туку неговата магија. - Никогаш не си легнувај налутен. Остани буден и расправај се. - Маж си е маж, но велосипед...е тоа е возење. - Сексот е една од деветте причини за реинканација. Останатите осум и не се толку важни. - Сексот е наследен. Ако твоите родители никогаш го немале, најверојатно и ти ќе го немаш. - Сексот е како снегот. Никогаш не знаеш колку сантиметри ќе биде, и колку долго ќе трае. - Не прави прељуба...освен ако не налеташ на права прилика. - Во темно сите жени се убави. - Сексот е гаден само ако се прави само онака како што треба. - Квалитетите кои најобично ја привлекуваат жената, се истите оние кои по неколку години не може да ги поднесе. - Сексот одзема најмалку време и носи највеќе проблеми. - Сексот нема калории.
- Големите идеи никој не ти ги памти, а глупавите изјави никогаш не ти ги забораваат! - Ако нешто може да појде погрешно, најверојатно ќе појде! - Ако изгледа дека сè оди добро, очигледно немаш предвидено нешто! - Личноста пред тебе во редот во банка, ќе ја има најкомплицираната можна трансакција! - Кога носиш нови обувки за прв пат, сите ќе згазнат на нив! - Ако вистината е во твоја полза, никој нема да ти верува! - Документот кој го бараш е секогаш на дното на најголемиот куп! - Секогаш кога ќе ставиш предмет на „безбедно место“, нема да го видеш повеќе! - Марфиев закон за термодинамика: Нештата стануваат полоши под притисок! - Постојат само два вида фластери: оној што не може да се залепи и оној што не може да се одлепи! - Секое тело потопено во када предизвикува ѕвонење на телефон. - Веројатноста да сретнеш личност која ја познаваш е поголема кога стоиш со некој со кој не сакаш да бидеш виден. - Предметите се уништуваат пропорционално со нивната вредност. - Што и да барате, ќе го пронајдете на последното место на кое ќе побарате. - Кога автомобилот ќе го паркирате на 2 километри од местото каде што треба да влезете, во моментот кога ќе стигнете до влезот ќе се ослободат најмалку 4 места. - Колку што повеќе ви се брза на шалтер, толку повеќе службеникот е побавен. - Другиот ред, во кој не сме застанале да чекаме, секогаш оди побрзо. - При промена на редот, оној првиот автоматски се убрзува. - Головите се даваат во моментот кога ќе ја свртиш главата и некого ќе опоменеш да се стиши. - Секогаш прв заспива оној кој ‘рчи