Масажа во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од sarah.key, 14 февруари 2013.

  1. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Ме интересира дали сте оделе или знаете некој кој што одел на масажа во бременоста. Не знам каде да отидам, ама да бидат физиотерапевти не да завршиле курс за масажа ... имате ли некоја препорака ?
     
    На Delgadina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Обиди се во Лубарда спа. Се наоѓа на Рузвелтова и девојката што работи е одлична. Мислам дека знае и посебни масажи за трудници кои се прават во седечка положба. Имаа и некои понуди на Групер пред некое време.
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    И мене ми треба масажа ,и тоа во серија :lol:
     
    На Vetruska и anule88 им се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    676
    Што е тоа перинеална масажа Перинеалната масажа се прави со цел перинеумот да се направи поеластичен за време на породувањето. Често пати непосредно пред породувањето, за да не дојде до спонтано раскинување, лекарот прави рез на делот помеѓу вагината и аналниот отвор (епизотомија). Перинеалната масажа се практикува со цел да се избегнат сечењето и раскинувањето. Колку ткивото околу перинеумот ќе биде поподготвено за растегнувањето при породувањето, толку се помали шансите дека ќе дојде до раскинување или потреба од епизотомија. Според една студија во која биле вклучени 2434 жени, се утврдило дека со практикување на оваа масажа се намалил % на извршени епизотомии. Воедно драстично бил намален бројот на жени, кои се жалеле на болка во делот на перинеумот, 3 месеци по породувањето. Користа од перинеална масажа Го стимулира дотокот на крв во перинеумот и помага во побрзото заздравување после породувањето. И помага на жената да се подготви за чувството на притисок и растегање, кои се случуваат за време на породувањето. Тоа ке и помогне да биде поопуштена. Според сведочењето на некои бабици, кожата на перинеумот кај жените кои ја практикувле масажата, подобро се растегала подобро околу главата на бебето. Исто така овие жени имале поголема контрола при излегувањето на главата на бебето, биле подготвени за она што го чувствувале, не се плашеле и не го забрзувале породувањето. Кога не треба да се практикува перинеална масажа Перинеалната масажа треба да се избегнува ако жената има актвиен херпес, кандида или било каква вагинална инфекција. Во таков случај инфекцијата би можела да се прошири и да дојде до влошување на состојбата. Исто така многу важно е масажата да се прави правилно. Треба да се избегнува делот околу мочниот отвор за да не дојде до инфекции на мочните патишта. Како се прави перинеална масажа Со перинеална масажа се започнува 4-6 седмици пред породувањето. Постојат повеќе видови на перинеална масажа, тука ќе објасниме еден од нив. Потребно е масажата да се практикува секој ден до породувањето.

    Добро измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат потсечени.
    Најдете удобно место и седнете или легнете на грбот во удобна позиција. Некои жени преферираат да лежат на страна и да ја ставаат раката од зад грбот.
    Користете сончогледово или маслиново растително масло, без додадени мириси. Намачкајте ги со него палците, работ на отворот на вагината и околината.
    Ставете го едниот или двата палца околу 2-4 см во вагината. Притискајте надолу и странично во исто време. Нежно, но цврсто продолжете да растегнувате надолу, се додека не почувствувате слабо печење или боцкање.
    Задржете го притисокот така околу 2 минути, додека местото малку не отрпне и веќе толку не го чувствувате печењето или боцкањето.
    Продолжете да притискате со палците. Полека и нежно масирајте ја долната половина на вагината, со движења напред – назад. Правете го ова по 3-4 минути. Запомнете треба да го избегнувате делот околу отворот за мокрење. Започнете со блага масажа, а притисокот зголемете го кога местото нема да биде толку осетливо.
    Додека масирате, нежно растегнувајте го долниот дел од вагината нанадвор со палците во вид на куки. Ова помага да се растегне кожата, како што ќе се растегне кога ќе излегува главата на бебето.
    Ако не можете сами да ја правите масажата, можете да го замолите вашиот сопруг.

    После една седмица практикување на перинеалната масажа, би требало да приметите дека местото станува поеластично и повеќе се растегнува. Немојте да претерувате со притисокот, затоа што се работи за нежен дел и би можело да дојде до повреда или отекување. Исто така повторно ќе нагласиме дека треба да се избегнува делот околу отворот за мокрење, за да не дојде до инфекција на уринарните патишта, Во едно испитување во 1999 г. учествувале жени, на кои им било кажано да ја практикуваат перинеалната масажа по 10 минути дневно, почнувајки од 34-35 тата седмица од бременоста. Резултатите покажале дека кај жените кои ја практикувале масажата, а се работело за прво вагинално породување имало 9.2% повеќе породувања без никакво оштетување на перинеумот во споредба со жените кои не ја практикувале оваа масажа. Додека кај жените кои претходно имале вагинален породување, оваа разлика била 2.5%. Заклучоците од студијата биле дека перинеалната масажа помага да се намали шансата да дојде до повреда на перинеумот кај жени при прво вагинално породување, но не и кај жените кои веќе претходно имале вагинално породување. Бавното, контролирано породување е многу важно за да не дојде до оштетување на перинеумот. Затоа треба да ги слушате инструкциите на бебицата или лекарот, кои ќе ви кажуваат кога да давате напон, а кога да се опуштите, но перинеалната масажа ќе ви даде поголема контрола врз породувањето.

    http://www.youtube.com/watch?v=DK2P8Ziqc6Y
     
  5. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Прашував доктор, гинеколог од ГАК, рече без разлика какви масажи и да се прават, без разлика на какви вежби и да одите, кај нас во Македонија важи правилото на породување сите да те сечат!

    Скарлет ај ти на тоа вежбите прашај дали е тоа навистина така! Како тоа сестрите или докторите на ГАК одлучуваат дека мора да се сече родилката бидејќи правилата им биле такви?!
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    кога ме боли грбот или стапалата :!: мм малце ме масира и тоа е тоа :)
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Мореее рацете да му се позлатат на маж ми, не да знае убаво да ме истиска и да ми испука коски за мераци :muscle:
     
  8. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Феминки,
    да ве прашам нешто :)
    Сакам да отидам на релакс масажа на цело тело...имам болки во грбот и стварно би ми добродошла една масажа...ама имам една дилема :?: ...Нели кога те масираат лежиш на стомак најголем дел од времето (околу пола саат на масажа од еден саат), а од друга страна пак нели не е убаво да се лежи на стомак во бременоста....Дали ова значи дека не е дозволена масажа додека лежиш или пак евентуално да трае само пократко или ми нема врска прашањево?! :D :? Инаку само што влегов во трети месец.
     
  9. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    302
    Јас одев на масажа за бременоста, ме масираа така што ке се вртев на страна. Ке напоменеш дека си бремена, таму каде што ќе одиш.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Мене маж ми ме масира, ама многу ретко. Ич не е по масирањето.
     
  11. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Да ви кажам, ич не е пријатна масажата на грб додека лежиш странично. Ме масираа пред некој ден, наместо да уживам, мислам дека повеќе се укочив :)
    Нареден пат одам само легната на грб да ми ги измасираат рацете, нозете...а грбот ќе пробам седечки :)
     
  12. ^angel^

    ^angel^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    А баш сакав да почнам наскоро со масажава и сега ако стварно сите ги засекуваат што фајде од муката:^)
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    72.604
    Ne e tocno deka e pravilo. Nekoi zeni se poelasticni i nema potreba da se secat. Najlosho minat onie sto pukaat.

    Za masazva ne znam a u realno u 9ti tesko e da se izbrises koa mocas i se macis ne pa da masiras.

    Akuserkite u GAK vikaat deka dosea site sto odele na joga ne pukale. Druga akuserka kaza koga da ne se napnuva da ne se raspuka. Sestrata koga ke rece da ne napnuvas iako imas napon treba da se vozdrzis. Togas proveruva elasticnost. Ako e elasticna togas ne secat. Ako ne e se sece. Tie sto napnuvaat koga ke im recat ne sea, pukaat i imaat poveke za shienje. Plus moze da puknat nakaj cmarot. Zatoa podobro e da se seche. Ni boli ni se sekava. Posle boli za kakanje :)
     
    На Kaetana, mariatim, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ^angel^

    ^angel^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    Над мене имаше коментар таков дека сите ги сецнуваат па помислив дека е точно, а иначе не одам на јога а и пред да останам бремена не бев физички активна со некој спорт и вежбање а и баш тој период бев и поправена па мислам дека во мојот случај можда масажава ќе помогне да го избегнам сецнувањето. Ако неможам сама ќе ми помогне мм. :)
     
  15. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    2.878
    Јас имам прочитано за масажава и пробав зошто да не ама како што кажа Цка, тешко е да се избришеш од мочање а камоли 5-10мин да кружам таму доле.
    Во 9ти месец и со не многу голем стомак, ама јас не успевам да се дофатам, тешко ми е и си ја притискам дијафрагмата, така што остана само обид...како биде така, нека шијат 2 или 10 конци тоа е :)
     
  16. ^angel^

    ^angel^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    можда ќе иде полесно одпозади ако пробам хахахха треба само да купам некое уље
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    254.816
    Пол:
    Женски
    Jas so vtorotot ne sum ic secena :)
     
    На Smizzy и referentka им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Мене и со двете ме сечеа. Вториот пат како да не бев сечена. Докторктаа толку убаво ме соши, па раната не ме ни болеше, ни печеше. Едната јатрва ни за трите пораѓаја не беше сечена.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.004
    Допаѓања:
    282.475
    И јас со трето.
    Баш поради оваа масажа.
    Не ни знаев дека вака се вика.
    Докторката ми препорача.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    37.647
    Јас првородка па не ме сецнаа ни масажи ни ништо и за вториот пораѓај не сакаа да ме сечат ме оставија демек второ нема потреба па кога почнав да пукам ја служам бабицата и вели на другата сечи сечи пука и така си окркав и за двата наеднаш ми наплатија
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.