море рефке за првото суперпоминав ама за второто ми наплатија и запрвото срам ми е да кажам рез имам надоле накај ногата накај дебелото месо е натаки сум испукана две недели седење ни на сон ама се се заборава
Мислам дека е подобро да те сецнат отколку да испукаш. Бидејќи сечат колку е потребно, а кај пукањето не се знае каде и колку ќе испукаш. За масажава слушнав кога бев трудна со првото ама шубе ми беше да буричкам долу и на породување ме сецнаа малце. Со второто не ми ни текна на масажава, а инаку не испукав, ама девојчето што ме породи многу убаво ми кажуваше кога да буткам кога не, а со првото само буткав.
Почнав пред една недела со масажава..... Малку ми беше глупаво на почеток, заземаш поза како да се самозадоволуваш Одпрвин боли, ама со тек на време осеќаш како се опушта местото. Се надевам ќе има фајде, да не испукам многу.
Иначе, дали некоја од вас била на релакс масажа (нормално не стомак) туку грб, раце, нозе? Во која недела бевте на масажа?
И јас... во прво тромесечие знам несмее (или според некои смее), но кога прашував за мене масерите не се нафаќаја да масираат бремени во прво тромесечие. Сега во второ знам дека смее, но некако уште се двоумам, па најверојатно ќе почекам уште еден месец.
Гледав една емисија за бременост. Беше обработена оваа тема. Рекоа масажа е дозволено, само да е нежна, да се внимава да не се предизвикат контракции. + идеално е ако имат кревет со отвор за стомакот, да и биде полесно на трудницата.
Отворот нема врска при масажа на трудници бидејќи трудницата мора да е странично легната, не на грб или на стомак. (Ова за трудничка масажа, не на нозе/раце) Внимавајте кој ја обавува оваа масажа бидејќи е потребно да има познавања од оваа техника за да не се предизвика контраефект од посакуваниот. Јас посетував двајца различни масери кои имаа работени и во странска болница и имаа искуство околу истата. Они ова ми го кажаа.
Не дека е научно докажано ама у првото тромесечие има зголемен ризик за спонтан абортус, особено затоа што телото се загрева при масажа (а, нели топли бањи, сауни и сл. се исто така забранети). Иначе не сум во Македонија, и тука ниеден масер не се нафаќа да врши масажа на бремени во прво тромесечие, после тоа може. И исто како што кажа @danichap , бремени жени можат да добијат масажа само од специјализирани масери за бремени жени, не секој смее да масира бремени.
Кукла дали беше на масажа во систина? Имаат ли кревет таков за трудници да масираат? Сегде прашував по салониве никој нема специјален кревет за трудници
Не платив еден ваучер од систина и еден ме частеше докторката таму имам идено на физикална па си се "најдовме"
Mene devojce sto mi idese doma i e fizioteraprvt po profesija so predhodno rab iskustvo i masaza za trudnici produzi da me masira ama sekako posle 3 ti mesec pred toa ne sakase da cue. Iskreno mn mi olesnivase posebno sega vo 9 kako preporodena sum posle masazata i nemam otoci. Jas idev i na drenaza toa e samo masaza za nozi isto za trudnici. Se nadevam deka ke ti e od pomos.