Сега на одмор маж ми закажа масажа и за двајцата. Ми вика супер поволен пакет,со се сауна,масажа на цело тело,маска за лице и турски хамам. Знам отприлика што е тоа,ама не знаев дека баш ке ме бањаат и трлаат по цело тело. Ич не ми беше пријатно,шо знам. Инаку масажата беше добра,навистина ти се опушта цело тело. Мислам дека почесто ќе одам,само овој паѕ јас закажувам,и безвклучено бањање.
Јас мислам дека се срамат луѓето да одат на масажа. Кога ќе им кажам дека сум масер и дека масирам, сите се као ееј супер ми треба масажа лелеее се ме боли, искривена сум и кога ќе им кажам па ај дојди ќе средиме и одма као еј немам време, срам ми е... А обично до сега само машки ми доаѓале на масажа пошто имаат проблем со грбот, мускулите...
Го делам мислењето со тебе. Лугето и сакаат масажа и не сакаат да дојдат. Истиот проблем и јас го имам, кога ќе ме прашаат што работиш , и ќе кажам имам салон за масажа, и одма леле ќе дојдам , но пак не доагаат.
Дали некој бил на масажа во Центар за рехабилитација Св. Јован? Сакам да одам на медицинска масажа, па ме интересира дали масерите се физиотерапевти и дали сте задоволни од масажите?
Да, масерот е физиотерапевт и јас сум задоволна од масажата, еднаш сум била само и нешто со игли плус ми правеше миопунктура мислам се вика
Дали некој знае некоја професионална масажерка за масажа во домашни услови ? За релакс масажа, спортска итн.