Еве едно многу лошо искуство од рефлекс аеродром Катастрофа Цело тело ми е во модринки Болна масажа со опасни по здравјето последици Подалеку од таму
Јас го најдов бројот на интернет , напишав Јапан на гугл и ми излезе, меѓутоа ми рече дека нема време, работи само со редовни клиенти и големи корпорации. Така да,се уште сме во потрага по добро место за масажа.
Леле исто. Една недела имав модрици. Мислев дека само мене ми е такво искуството. Не ми текнуваше после долго на масажа. Ама морав. И конечно ја најдов вистинската масерка. Сега редовно си одам и супер ми е.
Не е баш во Кисела вода, туку погоре во Црниче. Виталиум Студио за масажа. Побарај на инста. Јас сум ептен задоволна.
Добар ден, јас бев на масажа и можам да Ви се пофалам дека е одличен физиотерапевт. После масажата сте како нови. Дечково масира и мажи и жени. Работи во ординација во центар за повеќе информации Ви го препорачувам во прилог бројче 078/212-078 Аце.
Понудете некој / може и студио во аеродром по можност за масажа посебно за грб … Од кого сте задоволни?
Претходно напишав, ептен сум задоволна, vitalium_masaza на инста. Сега пак имав проблем со грбот и вратот од многу работа на компјутер и пак отидов. Студиото ми се свиѓа зашто има посебно што сакаш, дали стапала, грб, лице, сама си бираш комбинации што ти треба и само и кажуваш и тоа место го третира посебно. Не те притиска пресилно и не те боли, баш те опушта и после ти е полесно на рамењата, ко камен да ти се симнал.
Никогаш немам одено до сега на масажа, многу пати сум помислила ама од мало место, има неколку со курс од еден месец и не сакам. Немам проблем со грб и слично, ама дали вие што имате одено на масажа ви помага за опуштеност после стрес? Ама сепак да е некој стручен за тоа а не од овие новите. На таков и јас би тргнала, и дали има ефект?