Јас сè уште користам гуа ша секое утро, а еднаш неделно кога ставам лист маска се масирам со ролер, па потоа кога ја вадам маската и додека сè уште има остатоци од серумот по лице, се масирам со гуа ша. Искрено, немам приметено некаква којзнае колкава разлика. Го правам ова затоа што ми е убаво, особено наутро - многу ми е освежувачко и ми помага многу ако сум потечена од спиење.