Она што ни се чинеше далеку, стигна и до Србија. 14. годишен ученик во 7мо одделение во Белград, утрово со пиштол на татко му убил чувар во основното училиште, пукал во наставничката по историја и ранил неколку ученици, од кои некои се и тешко ранети. Како што се пишува, се работело за примерно дете со одличен успех. https://www.bbc.com/serbian/lat/srbija-65467342 Хорор.
Детето навистина имало проблеми. Ужас. Тука е одговорот на сѐ. Претераа со булингот и невоспитанието од дома. Распрденоста и социјални мрежи. Исмевање за што?! Некогаш школото беше поим за другарување и учење, а денес е поим за црнила.
Официјално убил 8 ученици и стражарот, а уште 6 ученици и наставничката по историја се повредени, од кои некои и тешко
Официјален број на жртви достигна 8 ученици и чувар. Преку 15 ученици повредени, некои во тешка состојба и се борат за живот. https://www.novosti.rs/hronika/zloc...tvo-vracar-beograd-pucnjava-raste-broj-zrtava
Абе булинг ли, невоспитање ли, лоши оценки...што и да е, дете не треба пристап до пиштол да има. И не секој возрасен. Тоа е најголема грешка во случајов.
Не знам колку е точен и тој податок дека имал единица по историја... на фејсбук страницата на училиштето е објавувано дека ученикот освојувал и места на натпревари, конкретно по историја лани освоил трето место. Свашта ќе се пишува, огромна трагедија.
Истото ќе го пишев. Да немало начин како да дојде до пиштолот немало да зацрни толку фамилии. Ќе се справувале само со психолошките проблеми на детето, а не со спасување на детски животи.
Не можам да судам, само знам дека голем замав зазема булингот и не заборавај дека дете кај нас се самоуби ради тоа. Никој не заслужува да биде малтретиран само затоа што дома добиваат одобрение за тоа. Апсолутно, истото го помислив. Како сега јас утре ќе имам дете и каде ќе го праќам. Ова мора да престане. https://www.slobodenpecat.mk/video-...ic4gK-fMHhYsdBsk_3Ot927uttV1TqGaKCAgdNQNF2Erw
Не знам какви се законите во Србија за поседување и чување оружје. Кај нас како што знам мораш во заштитно куферче и/или сеф да го чуваш и употреба ептен при живот/смрт ситуации. Ако го пренесуваш надвор од дома некаде, строго во куферчето со извадена муниција, не у ќеса од кам. Барем вака полицаец ми има кажано. За таму не знам ама сепак, татково напраил бељата прво што воопшто дозволил лесен пристап до него. Огнено оружје да имам дома и дете, нема да ми е мирна душата ако не е во сеф со лозинка или клуч или шоидае.
Де бе луѓе, и ние сме се соочувале со булинг и од деца и од наставници... и на работа мобинг... не е се факинг совршено. Светот не е совршен. Па ни како деца ни сега не фаќаме пиштоли се да отепаме. Одма а булинг се слушне, и се е оправдано. Да лоши работи се дешаваат, има лоши луѓе, искомплексирани, секакви... и секогаш имало. Масакри по училишта немало... јебем ти Америка, цел свет го изопачи.
Очигледно е и дека немало кој да се справи со психолошките проблеми. На дете од 14 години не може бе туку така да му текне од чиста мира да го направи ова. Дали е булинг, дрога или било што, родителите се криви. Прво за лесниот пристап до оружјето, а потоа и за не приметување дека детето има проблеми, и детето и родителите на посматрање.
Тоа е проблемот. Да се справувале со психолошките проблеми на детето на време, немало тоа да земе пиштол и да пука во деца. Премногу туркање на проблеми под тепих доведува до вакви ситуации. Треба озбилно да се сфати проблемот со булинг од сите страни и треба озбилно да се следи развојот на децата во училиштата. Никој не се буди еден ден и од никаде му текнува "Што убав ден масакр да направам во школо". А за татково па што чува така пиштол, лесно достапен...шо да кажам? Нека го земе сега нека се упука сам. Дебил.
Луѓе лесно е да се посочи родителот како виновник. Да, и тој има вина, ама каде е овде класниот раководител, каде е педагошката служба во училиштето? Според коментарот детето пукало во тие кои му вршеле булинг. 15 деца се повредени. Значи пола клас го малтретирал, а никој тоа не го приметил? Класниот раководител не ги гледа оцените и дека еден предмет драстично отскокува? Па кај нас прво нас не прашуваше класната зошто е така, па разговараше и со професорот за да го најде проблемот.
На дел од тие што поседуваат дозвола за оружје, ако подетално им се испита "менталното стање" треба да им биде одземено оружјето.
A kolku vakvi deca ima sto trpat buling i vo sebe kalemat frustracii, toa e sekojdnevie vo ucilistata. I nikoj toa ne go interesira, posebno ne roditelite, oni ne gi ni prasuvaat svoite deca dali imaat problemi vo skolo, ne mora da vidam za da znam.
Exactly. И само ќе кажам не може секој да си ја мери психата со сите, ако јас сум издржала булинг треба и ти, оти не знаеме колку длабоко држи и колку го исмејувале. Оти пишуваат дека два пати го преместиле во друго одделение. И не велам дека не е виновен,ќе си одговара за стореното дело туку велам да не се тешите сите како “ништо не е,нормално општество” кога е случај за посериозно посматрање.