Јас пак користам маскари во боја.. Во последно време баш и не, но не сум прекинала скроз.. Имам ставано сина, зелена и кафеава маскара.. Највеќе ми се допаѓаше како ми стои сината..Интересно ми е да експериментирам со боите, па така и со маскарите во боја..
Сум користела порано почесто,сега се имам ориентирано главно кон црната,но ми се допаѓа ефектот што го дава маскарата со сина,лила и зелена боја. Треба да си набавам една во поскоро време.
Имав една соседка која имаше бели веги, а користеше зелена и портокалова маскара. Се ГАЗЕВ од смеење Можеби пример со темно сина сенка ке стои и таква маскара, но јас не користам.
Користам само црна маскара,но пред некое време си купив сребрена.Неа ја ставам над црната и ја користам само за вечерно излегување бидејќи им дава погламурозен изглед на трепките
Користам само црна, ме фати мерак па си купив виолетова но не ми се допаѓа некако. И така си стои дома не ја користам.
Јас имам иста боја каква што е на моделот и многу ми се допаѓа како ми стои,но досега сум ставила само 3-4 пати.Иначе ја добив на поклон од колешка од мама.
Мене ич не ми се допаѓаат и не би ги користела. Да, инересни ми се да ги гледам по списанија и на runway (на модели), ама да видам некој на улица - НЕ.
Имам црна и зелена. Зелената ја имам користено 2-3 пати но така заради експириментирање . Ставам вештачки трепки па ретко користам маскара, но кога користам, користам црна.
Јас не знам навистина зошто постојат маскари во боја. Да ја менуваа бојата на очите,ајде де. Но на кловнови ми изгледаат оние со зелена,сина или незнам каква боја трепки. Се знае,црно.
Имам користено виолетова, а имам пробано и мастило боја чисто да видам како ќе ми стои. Од виолетовата сум презадоволна, на Севтин ја имам, воопшто не изгледа вештачки, нападно и кич, само дополнително ми ги осветлува очите, ми ги прави по големи. Ефектот е сличен како сенка да сум ставила. Кафеава маскара користам исто за по природен изглед кога сакам да постигнам, така изгледа како воопшто да немам маскара ставено, а трепките да ми изгледаат по големи и по извиткани.
Не знам што ми е ама ме фаќа мерак за суптилна виолетова или сина... односно како тегет нешто, ама да не се познава дека е друга боја, индиректно.
Порано ме нервираа оние кои беа „стриктно НЕ!!!“ со извичници, со чудења, гадења и одвратни коментари со додавање на „се знае како треба“. Сега ми се смешни. Многу Се знаело како треба, како сите, така и ти Да се вратам на тема. Да, ми се допаѓа маскара во боја. Сина маскара со суптилна корално-кафеава сенка стои предобро. Отсекогаш ми се допаѓале луѓе кои се осмелуваат да бидат различни (или подобро објаснето - свои) и покрај оние погоре споменатите.