Ми се допаѓа некоја суптилна нијанса на сина или виолетова, преубаво стои. Понекогаш за промена, зошто да не.
Ми се допаѓаат кафени и плави нијанси на маскара иако никогаш не сум купила. Кога веќе се најдов во темата, препорака за некоја таква маскара?
Здраво на сите сакам да прашам каде можам да најдам маскара во боја оти кај нас колку што знам има само сина а јас сакам виолетова или некоја друга боја. Или некој ако знае страна од каде може да нарачам поздрав
Golden Rose, сина. ColourPop Cosmetics имаат во боја, само провери дали имаат достава. L’Oreal исто имаа во боја само не знам дали уште ја имаат или воопшто ја носат, ама можеби ќе можеш да нарачаш. Avon мислам дека имаа но пак треба да провериш.
Мислам дека кај нас нема некој избор на брендови што имаат маскари во боја, единствено во Kryolan и Kiko Milano.