Рокот на траење на маскарите е мислам околу 6 месеци и не верувам некоја маскара подолго да издржи, без разлика од која фирма е. Јас немам обичај да ги употребувам подолго од шест месеци, а искрено - не успевам, толку сум зависна од маскара и секојдневно ја користам, па нема шанси толку долго да ми трае.
Значи неможам да се изнаувам на оваа.. Си купувам маскара од е*ани 500 денари и не ја бива четката... значи катастофа. Си купувам маскара од 150 денари и ја користам цел месец, си имам убави трепки сега и не се замарам. Ќе си заштедам повеќе пари ако не друго. Кој го е гајле што марка била
Oбично рокот на траење на козметичките производи е 3 години, ма да некои се покажале дека можат и повеќе да издржат-ова е ако седат не отворено. Е сега, ако ги отвориш, јас знам дека до 6 месеци +/- може да ги користиш. Провери, стави од маскарата на едото око пример, и ако приметиш некоја реакција фрлија ја одма. Ако не служи се се нормално, ама мислам дека нема да ти прави проблем. Мораат сите производи да имаат рок на трање, тоа е законска норматива, инаку со долгорочна употреба, ако се испита дека може повеќе(а се случува често) се продолжува рокот. Јас не верувам слепо во роковите, барем не за козметика, за храна веќе е друг муабетот. Ако убаво си го затворила, не гледам зашто да не го потрошиш до крај, зашто во спротивно испаѓаџабе си фрлила пари. А некогаш козметичките компании тоа и го сакаат. Сме ја дискутирале оваа законска рамка за рокот на трање и на факултет, самите професори го имаат истово кажено, не зборам на памет
Maybelline - Collosal највеќе ја користам а и не е нешто скапа ...Но кога ја нема, обично ја набавувам Show me volume - Gosh
Како подобри маскари но поскапи се маскарате на L'oreal i na Bourjois. А од поефтините е маскарата на Miss Sporty но сепак добра.
Сум користела на Авон , Орифлејм , Макс Фактор и на крај на случајно ја купив на Мис спорти жолта е опаковката и од тогаш не сум ја сменила , јас и онака имам долги трепки но оваа четка ми ги прави уште поиздолжени дури како вештачки
ја купив од голден роус таа со златно капаче онака убава е не е лоша... иначе на оние скапите маскари само можеби четката им вреди зашо тоа другото кје се потроши и пак четката кје ја брцате во други маскари.
најчесто од авон супер шокот маскарата а од моливчето за очи не сум задоволна зашо алергија ми ствара
и мене исто на почетоко од моливчето очите ми солзеја ама после три четири пати користење ми се навикнаја очите сега немам мака... а маскарава не ја менувам за ништо на светов
Ја имам оваа од Bourjois, затоа што во Космо беше гратис со Healty Mix пудрата, ама не сум многу задоволна од маскарава, некако многу е груба, како да ги корне трепките, а сум имала и многу подобри. Не би ја купила
Сум пробала секакви скапи маскари ама секогаш се враќам на оваа.Може да им конкурира на сите дефинитивно...
Кај ја купив маскарава кај се зезнав,Gigantic volume пише чиниш којзнае што е,маскарава не чини ни пет пари И секако се вратив (again) на мојата најомилена маскара на сите времиња ,а во план сум и 2000 калори на Максфактор да ја земам оти многу е фалена па да видиме дали си ги заслужила пофалбите
Не користам маскара, само кога одам негде на посвечени прослави. Имам густи и долги трепки, кога ќе ставам од маскарава уште поубаво ми изгледаат очите. Многу си ги сакам.