Маскарава е ужасна, не знам како може да ви биде убава . Беше во Еври Деј влошки како подарок, ја ставив колку за проба и за 5 минути се изрона а сo допир со малку вода изгледаше вака: А и не знам колку се сигурни овие маскари
Денес се подновив со ова чудо Маскарава е закон,не за џабе беше испофалена на форумов,морав да ја имам,од моите мали трепки,прави убави извиткани трепки. Вреди за секоја пара!
на поклон од америка добив водоотпорна маскара незнам како се викаше па сега таа да ја пробам... трошок помалку...
Незнам што би правела без оваа маскара искрено. Значи ги прави моите трепки дупло поголеми. Моите трепки се прави,ретки и некако без форма, па кога ставам од оваа маскара како вештачки трепки да сум ставила, а особено кога ќе ги извиткам прво трепките. Само пофалби за маскарава, предобра е, а сега донеле кај нас и водоотпорна па сум ептен среќна, деновиве обавезно ја купувам.
Јас си ја купив L'Oreal Lash Architect 4D Откако една форумџика стави слика како и изгледаат трепките со оваа маскара решив кога ќе ја потрошам старата да си ја земам оваа и не зажалив. 780 ден. е, ама вреди. Не ме печат очите, лесно се става и лесно се мие, полн погодок
^ Стандард, како и сите останати маскари на Мејбилин - 320, 330, до 360 - зависи нели каде како ја најдеш.
А водоотпорна маскара има во Орифлејм, авон? Сте користеле ли некогаш од некаде? Од која сте задовони? -Сакав сега за летово да купам, па се мислам која
Ја користам maybelline falsies lashes чуда прави маскарата , совршена е ги витка и ги крева буквално до веѓи , им дава волумен ,има јака црна боја и долго трае. Околу 380 и нешто денари е и им ја препорачувам на ситее
Некоја ефтина маскара до 100-120 денари? Ама да е добра Знам дека барам многу за таа цена, ама да не биде ептен крш. И да, од каде можам да ја купам...?
Има пластична четкичка, убаво ги раздвојува трепките и дава природен изглед. Онака солидна за преку ден, врши работа, но не е ништо посебно.
Голден Роуз perfect lashes x4. Јас ја купив од зелено пазарче 120 денари,а чув дека некаде се наоѓала и за 100.Вака изгледа: