Да, јас. Маскарата е убава иако за неа имаше негативни коментари на темава дека премногу се размачкувала. Мене воопшто не ми се размачкува, четкичката е убава и супер се нанесува.
Јас ја немам користено оваа маскара,но познавам едно девојче што е имаше користено и воопшто не беше задоволна.Многу и ги лепела клепките и веднаш и брзо се размачкувала. Јас би ти е препорачала црвенава добра е Или пак порачај си некоја од Oriflame од Very Me,тие се по толку пари. јас ја имам оваа и не е толку лоша,како што пишав предходно добра си е за парите. a другарка ми ја има оваа и е задоволна Твое да си одлучиш
имам ја ваква, само класик 3Д пишува, значи најбољи маскара, 120 денари мислам дека е, сум користела и скапи, ама како оваа ми се нема ниедна погодено. Ја препорачувам :up:
Девојки абе каде може да ја најдам оваа во МКД? Една другарка од Италија ја имаше добиено на поклон и презадоволна, пробав на мене, подобро да не пробував...Се заљубив Пишете ми или кажете ми која да ја одберам друга од Maybelline? Значи мене ми треба за должина, имам густи трепки, долги, виткани, значи немам проблематични, но сакам уште подолги и интезивно црни
Било која друга на Мејбилин купи ја, ете тон пофалби имаше за жолтата 100% black. Трепките стануваат фантазија.
Врв на маскарите досега што сум ги користела, апсолутно најдобра. maybelline rocket volume Трепките се фантазија, четката ми е дефинитивно погодена, а течноста е малку ко гелна, остава црно, волумен и должина, нема да зажалите ако ја купите. Јас ја земав 345 ден. И Мејбелин 100% Black е супер маскара, ама оваа за нијанса подобра, барем за мене.
Маскарата е врв, со еден слој супер ги прави трепките, само мнооогу тешка ми е за вадење... Тоа е единствена маана која ја наоѓам.
Може е глупаво прашањево, но не сум од ск, а баш планирам да одам викендов натаму, па затоа ме интересира кај е тоа Космо? Или некоја друга парфимерија поефтина??
^ Cosmo маркетите ги има на повеќе локации во Скопје, а кога веќе не си од тука, најлесни за наоѓање би ти биле оние во трговските што се лоцирани, како на пример во ГТЦ, во трговскиот Зебра, а има Cosmo и во Сити Мол. Тука одма ги наоѓаш.
Јас пред една недела си порачав маскара од авон.Infinitize. мислам се вика и премногу сум задоволна...ги издолжува трепките,им дава волумен и е водоотпорна.Можам да кажам дека е една од најдобрите кои сум ги користела до сега
И јас се сложувам дека е подобра од жолтата 100% Collosal Black ама ова е релативно нова маскара,се надевам дека нема да ја упропастат како жолтата,и таа кога се појави беше најубава без конкуренција,сега е крш. Вчера купив една маскара за проба иако имам уште од Rocket ама ефтино нешто купив и не е лоша да ви кажам,задоволителна
Јас оваа ја купив завчера и испадна мн добра за 250 денари...ми ги издолжува трепките а и густи ги прави, а што е најважно дека ми стоеше 24 часа без да мрдне и не се рони кога ке ја допреш...
Јас, иако најголем „хејтер“ на пластични/гумени четки, не издржав после пофалбите во темава и ја купив денес Maybelline Rocket Volume. Нормално, срце јуначко не издржа, одма ја пробав и можам само да кажам WOW! Предобра е, трепките ми се буквално како вештачки. И волумен, и должина, и интензивна црна боја - се' во едно. Браво за Мејбелин, ги имаат едни од најдобрите маскари на пазарот, и тоа по сосема прифатливи цени. Оваа Rocket моментално е на акција во Космо, чини околу 280 денари, намалена од 350 и нешто
И мене ми треба маскара,па се мислам дали да ја земам оваа многу ја фалат...Ама и мене ми е за пластичните влакненца пошто имам мнооогу мали трепки и ми треба нешто што ке ми ги издолжи згусни и поткрени...