Се вади лесно да, бар јас лесно ја вадам со влажни марамици оваа акција во Карфур со гратис лак мислам е веќе завршена
Eли, маскарите на Мејбилин обично се движат од 300 до 360 денари. Провери низ подобро снабдените маркети, може кај некои уште е на промотивна цена и би ја купила за нешто под 300 денари. Во Космо е мислам 330.
^^ Ели, во Cosmo е моментално на акција 299 ден. мислам беше. А жолтата, црвената One by One и некои други исто во Cosmo се на акција со гратис кармин од Maybelline со цена од 389 ден.
^^^ Мејбелин Рокет е цел јуни на попуст во Космо. Јас ја купив, ама не памтам точно колку беше, ми се чини околу 280 денари. Земи си ја додека е на акција, супер е, нема да се покаеш
Ја земав пред некое време оваа маскара на Гош и што знам некако не сум баш задоволна, многу јак мирис ми има и самата четкичка не ми прави многу мерак. Просечна е. Од 1 до 10 и давам 5/6.
добив 2 на поклон, збор-два да каже некој за нив? едната е Artdeco all in one, зелена а другава е Alverde extra volumen, еве и слика
Најдобра од сите до сега што сум ги користела,конечно со неа ги обликувам одлично моите инаетливи трепки оценка од 1-10 9ка
Ја купив Rocket volume и не останав нешто запрепастена,со оглед на тоа дека читав ептен добри препораки за маскарава.За мој вкус некако многу вештачки ги прави трепките,како да имаш ставено 10 слоја,а не само два.Јас многу поубав ефект добивав со жолтата и розевата маскара од Мејбилин,но сепак 1000 calorie од Макс Фактор останува на врвот барем за мој вкус и потреби
Исто ја користам maybellin rocket volum јас имам ептен мали трепки кога ке ставам ми ги менува очите ја обожавам
Пишав и во темата Авон, но не добив одговор па и овде да прашам. Веќе долго време сум фан на маскарата Супер Шок, преубава е , но сега сакам малку да сменам и се мислам за новата маскара на Авон. Дали некој ја има користено за да ми каже дали е добра и дали навистина ги подигнува трепките?