Aјде и ја да ја пофалам рокетот ..конечно си ја купив и можам да кажам дека маскарава е предобра..со само две нанесувања трепките ги прави како вештачки..за вадење не ми е воопшто проблем,ја вадам со влажни марамици..и да ви кажам си ја начекав на попуст..од 350 на 290..хахах па и тоа е нешто
Конечно си ја најдов совршената за моите кратки и ретки трепки. Ќе ви покажам ефект пред и потоа деновиве
Мимс, и јас имам кратки и ретки трепки, пиши ми ако можеш од каде ја купи и која цена.Ќе ги почекам сликите од ефектот пред и потоа, па ако ми се допадне, ќе ја набавам.Фала, поздрав.
Јас сум ептен задоволна од розевата на Мејблин, ја имаше некој постирано погоре. Ја купив 280 денари од ДМ. Имам и онака долги и густи трепки, ама ги прави уште толку впечатливи. Исто сум презадоволна и од розевата на Буржуа (или како и да се чита фирмава ) за поголем волумен е, но не сум приметила да ми ги згрутчува или да ми го отежнува трепкањето , така да исто сум ептен задоволна. Е сега, оваа вторава во ДМ беше околу 420 денари, во Космо 500. И погодете малерот од кај ја зема.. Битно ми вреди за парите.
Јас ја користам оваа маскара и преубава ми е. Не е воопшто скапа 120 денари е. Јас се изненадив колку е добра маскарава. Golden Rose
Дали знаете каде може да се купи Мејбилин со искривена четкичка во сиво пакување, никаде не можам да ја најдам?
И јас ја имам оваа,со Евридеј улошки идеше. Мислењето за неа ми е баш спротивно,убаво ми ги прави трепките,ама мноооогу брзо се размачкува...
^зависи од каде ќе ја купиш, цената и е окулу 340-370, јас знам дека ја има во дм,керфур,мислам дека и во космо и по поголемите маркети треба да ја има