MEGA EFFECTS од АВОН ја имав честа да ја пробам пред да излези во продажба кај нас и е нешто невероватно ја лансираат во к12
L'OREAL Extra е најдобра, сега малце посолена е, 800 денари ама пак да знаеш дека вреди, а од Manhattan прозиводите ми се за никаде !
Си купив од Rocket-от на Maybelline.Маскарата е преубава,само со неколку слоја,прави трепките да ти изгледаат како вештачки. Со маскарава нема потреба од вештачки трепки или пак повеќе маскари за волименизирани трепки.
Девојки акцијата во ДМ да донесеш стара маскара и да ти ја дадат новата Gosh Cat маскара, важи само стари маскари од Gosh или од било кој бренд? Пошто во флаерот пишува било кој бренд ама да не се изрезилам да си прашам
http://darkhourglassit.files.wordpress. ... _drama.jpg најдобра маскара дефинитивно веќе 3-4 пати си ја купувам оваа и многу е убава ги прави трепките подолги и погусти...еден мој совет најпрво извиткајте ги трепките со виткач, а кога ставате маскара ставајте ја нанеувајќи лево-десно, ставете еден слој и почекајте 1-2 минути да се исуши после ставајте уште 2 слоја за погусти и подолги трепки кои ке изгледаат гламурозно позз
Јас оваа ја имам на Bourjois, трепките ми ги прави и подолги и погусти, за тоа немам замерка, само што некако тешко се вади.
Долго време ги меркам маскариве.. се мислам помеѓу сивата и црната .. Дали некој ги има пробано, како сте задоволни, која е поубава ??
Jас ја имам пробано црната. Не е лоша, дава добар ефект но ми смета тоа што се рони под очите . Подобра ми е оваа I love extreme а разлика во цените е само 25 денари.
супер маскара за 250 ден во дм.во космо е 360.приметив дека сите други маскари на мејбилајн се поевтини во дм,270ден.
Mимс, маскара вредна милион долара имаш. Фантастична е, ја имам и јас пробано неколку пати, и кога ќе имам вишак пари во мене без размислување би ја купила, во Космо ја гледав 1800 беше пред некој месец, не знам дали уште се движи со таа цена - немам одамна разгледувано, a моментално тоа ми е прескапо. Jaс сум ориентирана моментално на L'oreal butterfly effect маскарата и на Мејбилин плавата, стандард. Првата е одлична, ги прави многу лепршави трепките , катран црна е и не се лепи. 10/10