Јас си користам две од Golden Rose, едната е портокалова за волумен, со малку чуден облик на четката, како спирала е, и една розева за издолжување на трепките. Задоволна сум, единствено нешто што малце ми смета е тоа што не трае шминката многу долго
Феминки стигна ли оваа маскара во продажба кај нас?Веќе неколку дена ја гледам на фејсбук на некаква наградна игра,прашував кај нас дали ја има и сите продавачки ме гледаа коцкесто а многу би сакала да ја купам
Да се самоцитирам-најдено и купено Убава е маскарата добар волумен дава,со три слоја дава добар ефект на моите малечки трепки,но сепак останувам лојален фан на 2000 калории with curved brush
јас ја користам Gabrini Double Volume LongLash Mascara и е предобра..дава волумен и ги прави трепките мноогу големи..а иначе ја купив случајно дека ми личеше на Maybelline маскарите па реков ај да ја пробам..не се сеќавам на цената ама не е многу скапа
Да гледам се мислам дали да си ја купам да ја пробам, инаку јас ја користев cat eyes маскарата добра беше па си викаам можеби оваа е уште подобра ми се допаѓа четкичката
убедливо најдобрата маскара што ја имам користено во животот е од Буржоа Ултра Блек... трепките ги прави подолги и погусти, препрепрезадоволна сум... моментално ја имам од Мејблин colossal volum epress-black и од оваа сум задоволна, ама од на Буржоа маскарите нема поубави
Јас жолтата ја купив на попуст 275 денари беше, а оваа од Буржоа ми ја купи мајка ми за роденден околу 500 денари. Иначе на Мејблин маскарите се околу 300 денари
Ја има некој пробано новата маскара на Авон? Имаат некој чуден изум со четкичката. Вака на прв поглед ми изгледа малку страшно самата четка и тоа како би успеала да ја ракувам така блиску до окото. Поготово на долните трепки или на аглите од окото. Освен тоа мислам дека направена е да нанесуваш премногу маскара со еден потег,нешто што јас не го практикувам. И не сакам такви `тешки` трепки. Ама се што е ново ни(ми) е интересно,па фино би било да се проба. За оваа маскара зборувам.
Оваа маскара е околу 800 денари, така ? Јас ќе чекам да се намали па можеби тогаш ќе ја купам. Наводно е најновиот изум на пазарот, ги прави трепките погусти, подолги и подигнати... Интересен би бил начинот на аплицирање