ја има ли оваа кај нас? Дали ја има некој пробано новата маскара на авон? http://www.youtube.com/watch?v=U6UwGfD7KL4
^ Oва исто може да се направи и со малку млеко (не сум пробала, ниту планирам) или пак шишенцето од маскарата да се стави во чаша со врела вода. Овие начини за продолжување на рокот на траење на маскарата не смеат да се практикуваат пречесто и избегнувајте ги, практикувајте еднаш до два пати да користите „преправена“ маскара на овој начин ако навистина не ви се фрла или сте во тесно, но да не премине во навика. Посебно не ако имате осетливи очи. Најдобронамерен совет од паталец.
Сакав да прашам, дали некој ја има користено новата (барем јас мислам дека е нова, зошто претходно не ја имав сретнато) маскара на Голден Роуз, жолто пакување? Ми ја фалат другарки, а јас везе немам каква е.. При крај ми е розевата, па да знам дали да земам една ваква.
Маскарите на голден роуз што излегоа последно (жолта, портокалова и виолетова) во што се разликуваат? Бидејќи на трите пишува volume. И која цена се?
Во каталогот е 340 ден., но ако ја купиш има и некакви моливчиња за очи по 90 ден. И мене ме интересира дали има ефект и каква е? некој подетално да ја опише?
Спојлер Многу е интересна оваа од Авон и мене ми фати око, баш е ретро како оние олдскул маскарите. Една членка имаше поставено видео, ми се допаѓа ефектот кој го дава, но не знам дали би ја порачала. Дури и да сакам, за сега немам преку кој, па ќе се задоволам со Мејбилин. И онака ми се повеќе од супер.
Од мај негде ја користам, а деновиве сфатив дека од кога ја употребувам немам нанесено моливче или сенка. Така добро ги дефинира очите, што доволно е пудра, кармин и еден слој од маскарава. Мислам дека и Мимс ја користи ако не се лажам истата и високо ја оцени, така да повеќе зборови не се потребни
Што разлика има измеѓу оваа- И оваа- Освен што првата е водоотпорна?Пошто ја ја купив првата,дека водоотпорна,ама некоја друга разлика има?
Ја имам оваа: Со оваа маскара трепките ми се како лепеза, баш. Црни, истакнати со еден чекор. Два/три чекори со маскарава: Лепа = замена за вентилатор во простории! Прекрасно нешто.... А единствена причина поради која би ја заменила со друга, ќе биде тоа што маскарава претешко се вади!
Сакам да си ја купам ама некако прескапа ми е,кога ке соберам нешто повеќе пари обавезно ја земам..маскарава е чудо!
За Лепа и за сите кои се пожалија за истово, би ви препорачала да си земете од оние течностите за вадење шминка, наменети за шминката на очите. Јас имам едно плавко од Лореал, полесно ми ја вади маскарата. Не е како што беше случај со млекото на пример - триј, триј и остани без пола трепки.