Повторно си се враќам на најубавата маскара имам пробано многу но никоја не ми ги праи трепките толку истакнати како оваа
водоотпорна маскара -со што да ја извадам пробав со улје бекутан ама не бидува....само римелот ми е водоотпорен да купувам посебни средства за вадење хмм
Јас ја имам на мејбилин рокетот водоотпорната,и искрено ни самата незнам со што ја вадам и неоговореното прашање е дали ја вадам И стварно ни јас незнам со што да ја извадам,пробав со еден како гел од авон што е за вадење шминка неќе бе,со нивеа неќе,аман више
А да пробате со влажни марамчиња за вадење шминка. Токму поради оваа причина не сакам водоотпорни маскари. Моја препорака за маскара е оваа: http://mk.oriflame.com/catalog-images/p ... 6198_2.png
И пак не ја купив Рокетот,искочив по неа и се вратив со Дебора(ја начекав на попуст,од 500 и нешто на 250),пишува 24 часовен максимум волумен.Буквално,ефектот што го постигнував со 2 маскари сега го постигнувам со еден слој од оваа,а за трајност ќе видиме
^^ И јас 2 месеци кренувам по рокетот и се враќам со друга Сега пак наместо неа ја порачав од авон онаа со црно злато "Luxe" не за друго беше во комплет со ''Little Black Dress" парфемот и еден крем за раце, стапала... ( за само 700 денари) всушност ми требаше парфем па поради тоа го порачав комплетот. Но, он-топик не сум задоволна од маскарата воопшто не ми ги прави погусти трепките па дури ни со 3 слоја освен што ги прави подолги, но не и погусти. Маскарата воопшто не е кој знае што и по редовна цена (550 денари) ни малку не вреди. Во најскоро време штом ќе дојдам до некоја пара ја купувам рокетот а натаму некогаш сакам да ја пробабм макс фактор 200 калории или некоја на лореал
Многу ми се свиѓа таа најновата маскара од авон. Денес бев во авон и ја пробав, да не беше толку скапа би ја купила, навистина ми ги направи трепките предолги, лесно се става, се е до навика, додека навикнеш. И практична е. Еве сликичка
^ Па и не е скапа во овој број сега е 300 и нешто денари, а и маскарите на Мејбилајн се толку. Се мислев и јас но сепак останувам на тоа да ја пробам рокетот. Инаку, додека да присоберам пари за рокетот, ми треба некоја поефтина варијанта на маскара за волумен. Претходната од Голден Роуз беше добра но само за издолжување а јас немам потреба од тоа, ми треба некоја за волумен. Препораки?
Која на Голден Роуз ја користеше? Некоја од оние новите кои наликуваат на Мејбилин по пакувањето или онаа обичната со златно капаче? Јас најзадоволна сум баш од оваа со златното капаче. Ја купував стотина денари и со два слоја веќе имав солиден волумен кој и не беше баш за потфрлување. Штета што многу се рони и ми се разлева на долните трепки, инаку никогаш немаше да се откажам од неа. Да, ама чудна четкичка е и дури и да не си љубител на таквите типови четки ќе ти се допадне, т.е. би требало. Ова ти го кажува најголемиот мразач на гумени четкички од маскари.
Не не, оваа ја користев Спојлер . Инаку ја гледав и јас таа со златно капаче ама не ми се допаѓа овоа со ронењето. Сега се мислам за некоја од Есенс..
Од Есенс имав убаво искуство со таа во сивкастото шишенце, баш убави ми ги правеше трепките, ама онаа со нормалната бушава четкичка, не со искривената лажица-четка. Пробај некоја, мислам дека се тука некаде со цените, а оваа што ти ја спомнав е солидна, барем според мене.