Пред неколку дена си ја купив оваа маскара од ДМ, но некако чудна ми е. Целата течност се лепи на четкичката. Кажете ми дали може некако да се реши ова.. Мачно ќе биде ако пред секое ставање треба да ја „чистам“ четкичката. Еве како изгледа Помогнете ми ве молам
^На грлото на маскарата има еден пластичен дел кој кога ја вадиш четката треба да ја отстранува вишокот од формулата. Тој дел ти фали и затоа четката е полна со формулата. Делов може фабрички да го пропуштиле или провери да не ти е залепен на дното на стапчето од четката (таму каде што се навртува маскарата да се затвори) Веројатно се откачил и ти е на стапчето, полека извади го и стави го на грлото на маскарата.. Се надевам ме разбра што ти објаснувам
За жал неможам да го најдам делчето, најверојатно го пропуштиле... Некој друг начин да се реши проблемов? Или не ми бега чистење на четкичката пред секое ставање..
Ако имаш стара маскара,отвори ја и внимателно со нож извади го тоа делче без да го искинеш и пробај да го префрлиш на новата. Би требало колку-толку да врши работа и да го запира вишокот течност од маскарата.
Ја начекав на промоција во Космо за 500-600 денари (мислам дека промоцијата е завршена), а редовна цена и е околу 700-800. Си вреди за секој денар.
Девојки,ај препорачајте ми добра маскара,најважно ми е да им дава доволно волумени болик на трепките,и да е водоотпорна. Не ми е важно колку е,само да е навистина водоотпорна и да има дава волумен,и да,да не тежи на трепки и да не дава ептен вештачки изглед,како вештачки трепки.
Кики, имаш водоотпорни верзии на сите маскари од Мејбилин. Пробај со виолетовата falsies или пак жолтата colossal, мислам дека било која од овие би ти се допаднала.
Во јуни некаде си купив маскара од Farmasi каталог 270ден чинам беше нешто не ме многу воодушеви,а нема многу диструбутери на оваа турска фирма за козметика ми ја предложи козметичарката што ме шминкаше да ја купам.На размислување сум каква маскара да си купам нека е до500-600 денари да е квалитетна погусти трепки и да ги истакнува очите.Имам употребувано од орифлеим и авон .Што ми предлагате вие?
Девојки, ја купив рокет ама таа со сини букви, а знае некој во што е разликата помеѓу таа со розеви и таа со сини букви?
Tаа со сини букви е водоотпорна и мислам дека уште потешко би требало да се вади и од обичната Рокет. Спремај памукчињата и билдај мускули. Мене навистина ме нервира тоа што треба милион пати да поминам со памукчето за темелно да ја отстранам. Со течност за вадење шминка од очи е нешто полесно, но пак е макотрпно и ако нареден пат не ја купам, тоа би било баш поради оваа причина.
Оваа маскара на пазар и по обични парфимерии е оклу 100 ден или 130 беше следен пат побарај ја на друго место
Отидов до Есенс, ужас. Која маскара и да ја отворев засушена, никаква. Си се вратив и земав една од Classics, цели 100 денари е, ама за тие пари е убава.
Женски, од маскарава како сте задоволни? ја најдов на нет за 6 евра и ја порачав. Инаку бојата не е црна туку кафено-црна. Се надевам ке е добра и ке стигне во добра состојба, моментално ја користам Рокет од Мејбилајн , добра е па сега си викам оваа ќе ја пробам
^ Oваа маскара според мене беше една од најдобрите - мајка ми постојано си ја користеше, но во последно време како да ја расипаа формулата, некако чудна ми е и нетипична. Ја немаме купено веќе година и пол, не знам сега ситуацијата каква е, ама четката е прекрасна и дава прубав волумен.
^^И покрај неогдувањата дека е сменета форумулата мене лично ми е 5 пати подобра од сите маскари на мејбелин. Не се размачкува како други и ги витка трепките и издолжува, за 6 евра зимај одма не се мисли ич. Кај нас е над 500, ама сепак вреди за парите, според мене суште е една од подобрите маскари која сум ја користела. A имам никакви трепки, мали и ретки, со неа ми изгледаат пристојно и убаво.
Оваа денес ја купив, 230 ден беше во Рамстор, ама не сум баш задоволна, некако не ми прави волумен на трепките, а четкичката е убава многу...Можеби дека прв пат нанесувам, треба малку да се засуши, поима немам... Ќе испадне па по она старото, ако сакаш квалитет ќе си платиш подебело...
Само пофалби за маскарава,трепките ми се како вештачки а четкичката е навистина убава и практична..за тие 300 денари е предобра,ви ја препорачувам.Во тековниот каталог на Орифлејм е 299 денари