Комбинирана со виткач за трепки, огромни резултати! Јас кога ја користев во поглед на извитканост бев презадоволна но не беше тоа што го барав мене ми треба густина, волумен на трепки па ја сменив. А доколку ти треба само извитканост ти ја препорачувам оваа.
Презадоволна сум од маскарата на авон за мега волумен.Само со еден потег се виткаат трепките и бојата трае долго.
Јас денеска ја пробав рокетот на мејбилин од другарка, ја има она, и останав значи едвај чекам да си ја купам, зошто никоја маскара досега не ми ги направила така трепките, препреубава е! а дали некој знае дали ја има овааа кај нас? многу интересно ми изгледа вака на прв поглед
Оваа ја купив денес, од Bourjois најновата наводно. Маскарата е топ, трепките ги згуснува и ги издолжува, како лепези ми ги направи 590 ден.
Ако некој прашува, мене оваа ич не ми е убава. Loreal Telescopic. Прво многу ми е воденеста, едвај се суши, може максимум 5 мин треба за скроз да се исуши, четчето како чешел не ми се допаѓа воопшто и со еден слој ми ги слепува трепките, и ми се чини од што е тешка ми ги спушта надолу, а пред тоа ги виткав.
Twist Маскарата не е топ, туку е лудница Има механизам на вртење на капачето со кое четката се собира и издолжува. Прво се нанесува со издолжена четка за расчешлување и издолжување, а после со собрана четка се добива на волумен. Јас ја користам веќе еден месец и може да кажам дека е стварно ептен добра! Имам ретки и кратки тепки, на почетокот само се зјапав во огледало од што си бев чудна, ми ги прави како да имам вештачки трепки ставено Инаку сега е на промотивен 20% попуст до крај на Октомври, 470 денари е
И јас дојдов да ја пофалам новата од Bourjois. Мислам дека ќе се наоружам маскари за до наредната година, туку си се гледам и си се чудам какви ми се трепките. Многу повеќе ми се допаѓа од Мејбилин - и цената и е поубава богами. Многу добра формула, нит ми се срони, нит ми се направи црна прашинка под очите, а пазете - спиев до пред скоро со трепките направени. Највеќе ми се допаѓа тоа што тотално секоја трепка ми е одделена, ниту една не се слепи со помош на четчето и супер црни - јас сакам така подраматичен изглед на трепките. Многу убаво нешто, типувам дека ќе се дружиме уште долго и топло ви ја препорачувам.
Да, неколку такви имам потрошено... Ги згуснува и издолжува трепките... Нема да згрешиш ако ја порачаш... Всушност една моја пријателка само таа ја користи, неколку пати проба други маскари ама пак се врати на оваа.
Јас сум задоволна од оваа маскара но скоро ми е при крај. Таа од авон со нов облик на четкичката ја фалат многу
Јас за жива глава не ја менувам маскарата на Голден Роуз. Веќе неколку пати по ред ја купувам и премногу сум задоволна.
Bourjois Beauty'Full Volume Mascara Најужасна маскара што ја виделе моите трепки. Трепките ми се светли и мали да си помисли човек дека немам трепки, е ама со маскарава и она што го имам прави да го немам. Не ги издолжува воопшто џабе јас мафтам горе доле со четката нече трепка да се издолжи и нече, ај остај тоа туку и онака оние неколку влакненца што ги имам ги направи ко буквално три влакненца да имам (10х волумен жими мајка) Цена 350 ден, со гратис лак за нокти. Artdeco Deep Black Mascara Во парфимеријата каде најчесто купувам продавачката што има едни трепки абе ко вештачки и се и така еден ден си реков ај да ја пробам и јас таа магична маскара. На моите трепки ефектот е ко на маскарата со златно капаче и онаа црвената од Голден Роуз само малку послабо од нив. Цена 790 ден за бледа верзија на Голден роуз. И еве после некоку месеци сеуште ми иде да си апнам од газов. Претпоставувам дека маскара е за оние што имаат природно убави долги трепки.
Најдобрите маскари што некогаш сум ги порбала, моментално ги имам двете но повеќе сум „WONDER lash“ начисто презадоволна сум од двете.