И јас си ја користам оваа маскара од пред некое време и презадоволна сум, иако, да признаам дека бев малку скептична пред да ја порачам, сега не би ја заменила во никој случај Love it!
Нааааајнајјјјубавата досега Ја добив како поклон со уште 2 лореал производи. Ниту ми ги слепува трепките, ниту ми е воденеста. Едноставно совршена е. Белиот дел не го користам, само црниот. Колку волумен дава само со еден слој, луѓе не сте свесни. Ги имам користено жолтата, розевата на Мејбилин и си реков поубави нема од нив. Се излажав. Само незнам зошто не ја најдов во парфимериите, ја има со црвено, со црно, но со сино не сретнав
Фала многу за советот, ќе си земам следно од Јуник. Инаку четките им се супер, ама ете, јас да не отварам пошто претпоставував дека не смее, ми се погоди полупразна.
Феминки, дај препорачајте друга маскара да пробам, Рокетот ми е при крај , задоволна бев од маскарава но има голем минус поради тоа што тешко се вади на десново око останав без трепки... Сега гледам до сабота кај нас се на попуст маскарите на Диор, Клиник и Есте Лаудер, па дај препорачајте која е најдобра од овие три , ако нели сте користеле само по можност некоја што четката е права и секако полесно да се вади
^Estee Lauder Sumptious Extreme маскара е една од најдобрите маскари што сум ги користела, и ја користев долго време. Ептен е ефектна и многу лесно се вади. Имам потрошено и една Clinique High Imact маскара, исто така многу е добра, ама гореспомената од Еstee ми беше за нијанса подобра. Сега ја сменив оваа од Есте со Bourjois Twist маскара, ептен е добра, лесно се вади, дефинитивно е надобрата маскара од Буржоа.. Која и да ја земеш од овие три, нема да погрешиш..
Ја има оваа маскара кај нас?Станува збор за маскара на Barry M - Lash Vegas.На интернет многу пофалби прочитав за неа,па сега да слушнам ваше мислење ако ја има некој користено
Вчера си купив нова маскара, бидејќи има попуст се мислев помеѓу Dior show new look и Benefit they are real, и ја купив втората истотака и продавачката ја носеше, трепките и беа густи и долги до веѓите препреубава маскара. Одвај чекав да се вратам дома да ја пробам и не погрешив што ја земав моментално ми е маскара бр 1 трепките ми се долги, ми ги прави уште подолги и погусти.А и многу лесно се вади. Ви ја препорачувам девојки, поготово ако имате кратки и ретки трепки
На попуст ја земав од 24 евра на 18 намалена. Во МК ја има ли? Баш ме интересира која и е цената таму па да знам кога ке се потроши да ја земам од МК
Луѓе, што е со Rocket-от од Maybelline? Подобра маскара неам користено Сега си ја купив бидејќи читав тука на темава многу пофални зборови и истите можам да ги потврдам
По ваша препорака ја зедов на Maybeline Rocket, и сум доста задоволна. Да, тешко се чисти.. не викам не. Али трепките ми ги прави, ептен убави.
Бзззз..... Ја отвараш ставаш на трепки стегаш на дугмето кое ти е на дофат и сама си ја врши работата до прекрасни трепки Техникава ни лета И си трае , си трае се додека не земеш да ја извадиш со отстранувач на шминка од очи