Ја користан оваа на Макс Фактор, долги години и не планирам да ја променам во скоро време. Многу сум задоволна како ми ги прави трепките со еден потег. Прекрасна е, ја препорачувам!
не знам дали ја има, не сум се распрашала, може да се праша во Дм евентуално и во космо, мене ми ги донесоа 2, едната ја потрошив, другава сеуште ја терам. Интересна работа е, и батеријата е чудо трае година дена можи и повеќе Ако дознаам дали ја има ќе ве известам
Е што се воодушевивте толку, ова не е ништо ново со ротирачкиве четки, Буржоа имаат таква маскара уште пред година две. Ја има во сите парфимерии.
А мене воопшто ме чуди фасцинираноста од маскари кај жени. Најсериозно. Дали дека никогаш не ми биле предмет на сериозен избор, зошто сериозно имам и густии долги трепки (пу,пу,пу ), особено пак со маскара од еден слој, тек со два, се одлични или нешто друго е во прашање,поим немам. Ама дефинитивно стојам зад тоа дека поголемиот дел од девојките каква маскара нека купат, поим немаат од нанесување,а најгадниот дел е - предолго користење... И како знам? Зошто две девојки, со иста маскара, онаа со помалечките трепки го вади максимумот од маскарата, а другата со нормални, ги прави како слепени. Никогаш не сум дала повеќе од 300 денари за маскара, ај мајка природа, ама техниката е плус, често ме прашуваат дали имам ставено вештачки трепки, од оние поретките. Додека имам другарки кои се растураат од давање на пари за маскари и пак на крајот ќе залепат вештачки трепки. Онда...нешто јас не капирам што е фората. На крајот сите излегуваат груби и натрупани, улепени како неизмиени (а тоа што знам и за такви кои демек чистат лице, ама маскара не пред спиење, тоа друг пат). И сега се подреков и ниту една маскара нема да ми се погоди....време тече, сат!
Шминкерка сум, не по професија, но како втора работа ми е таа. сум користела многу не сум била задоволна од други маскари не сум фасцинирана, само за парите што била, врши и тоа како работа А и кога нешто ќе ти се погоди мислам дека и нема потреба да го менуваш нештото, додека не најдеш подобро од него. Инаку маскарава ми ја донесе муштеривка од Америка, и преку неа ја добив и ова лето.
http://www.maybelline.com/Products/Eye- ... scara.aspx што мислите за оваа ја рекламираат на тв ,но дали е добра и колку чини ако занај некј нека каже
Па искрено, никој ја нема пробано за да каже just kidding.. 80% од темава е за оваа маскара, разгледај назад.
Потврдувам.. ја земав со онаа акцијата во ДМ што беше кога ја даваа гратис и е супер, убаво ги двои трепките, дава волумен и е доста трајна, не се рони под очите..
Барам предлог за маскара која не е водоотпорна, и ќе можам само со вода да ја измијам. Веќе еднаш се зафркнав со водоотпорна, иако сум барала да не се, не можам со ништо да ги извадам. Две години веќе користам Кико маскари (кои ми се погодени за тоа), сеа нема од кај да ги земам, па земав на буржоа, можам само да си ги откорнам трепките и морам под итно да ја сменам. Спојлер П.С. со четче за издолжување, не тоа за волумен.
Знам дека многу барам па и плус што сум стваена на штеедење ама некој ке ме послуша се надевам и ке ме сожали. Ми треба маскара која ги издолжува трепките и која ги одделува секоја трепка посебно зашто мразам кога ми се лепат и да има екстремно црна боја. ... а и цена ако може (не сум скржава луѓе ама се испотрошив бре, се што видам сакам)
Maкс-фактор и само макс-фактор. Поскапи се, ама совршени се за мали, да не речам никакви трепки и лесно се вадат, само со вода, без да ги корнеш трепките. Која и да ја избереш нема да се покаеш, посебно 2000 калории, фалс лаш ефект и Xperience.
Се согласувам за 2000 Calories на МФ, одлична е и лесно се вади, би ти ја препорачала и јас. Исто така, маскарите на Лореал се преубави и многу лесно се вадат, буквално само со вода. Јас со години ја користам Lash Architect 4D баш поради таа причина, што лесно се вади, а четката е баш за издолжување и дефинирање на трепките. Мада, било која маскара на Лореал да ја земеш, нема да згрешиш, ги имам речиси сите нивни маскари пробано и сите се одлични и лесни за отстранување Едно нешто што не би ти препорачала е Мејбелин. Претешко се вадат, јас од Рокетот без трепки останав, а и речиси сите Мејбелин маскари се за волумен, не за должина.