crazylady ако мислиш на тие Get big lashes, сите се добри, али мене најдобра ми се виде црната, а и најбрзо се троши.
Оваа ја земав вчера...Четкичката е лудница, голема и дебела, само некако маскарата ми е течна многу, ваљда после неколку нанесувања ќе биде таман...
Јас долго време користев Lash Architect 4D и незнам што ѓавол ме тераше да ја сменам со Volume milion lashes-luminizer. Маскарата е одлична ама затоа кога ја вадам трошам пола паковање туфери додека ја извадам и пак сум црна како ракун. Зотоа сите маскари налореал и не се вадат така лесно.
Девојки,прееска бев во Шатци да купам маскара и ја гледам оваа на Дебора 260 денари. Ја прашувам продавачката дали е добра,и ми вика,иста е како таа од 560 денари,само паковањто различно. Не дека сум лесна за убедување,ама ај си викам за 260 ќе ја земам, и онака немам некој проблем со трепките,убави ми се. Уште ја немам пробано, ги има некоја користено маскариве?Таа д 560 изгледа вака:
Женски, збор два за макарава? ја има во списанието Elle кај нас и се мислам дали да ја земам.. моментално ја користам на Benefit ама еве шанса да ја пробам и на Armani
Оваа од 240 јас ја земав пред месец во замена за рокет на мејбилин и маскарава е С О Н волумен, виткање,издолжување несе рони, и полесно се вади од рокетот. На почетокот првите неколку ставања, нели ко и секоја нова маскара, е потечна. Така да навалете и зошто е нели ЛИМИТЕД ЕДИШН
Последна маскара што ја земав беше рокетот. Секако сум презадоволна со еден слој имам веќе вештачки трепки. Само јас ли го немам проблемот со лесно отстранување на маскарава? Ја отстранувам со мицералната вода на лореал и прилично лесно се вади. И уште нешто што сакав да кажам е дека маскарава дава многу сличен ефект со онаа на авон портокаловата 3 во 1 што е само што таа ги подигнува малку повеќе трепките. И некоја рецензија на маскарите на буржуа, поточно за онаа со 2 четки што е?
Одлична е маскарата, јас неодамна пишував за неа низ темиве. Дава преубав ефект дури и кога ја користите само во првата позиција (јас неретко заборават да ја завртам за да ја добијам другата четка ) и добивате одлични лепеза-трепки со минимален број потези. Првата четка во главно издолжува и извиткува, а втората дава прекрасен волумен. Малку е скапичка и не знам колку некоја би сакала да ја купи по редовна цена од речиси 600 денари, но на акции и попусти чини некои си 400 денари, што според мене е доста поприфатлива и почовечна цена, но тоа е веќе друг муабет. Одлична издржливост има маскарата, не се растекува воопшто и лесно се вади без разлика дали ја вадите со млеко, влажно марамче или мицеларна вода.