Гледајќи по интернет критики и пофалби за разноразни маскари наидов на маскарата од ессенсе i love extreme и решив да ја купам онака за секој ден. Моментално ја користам и маскарата на ревлон ма на се сеќавам како се вика а и мрза ми е да ја барам сега, ама како и да е, е многу поскапа од онаа на есенс и на мое гооолемо изненадување, помалку добра. Есенсот ја зедов за некои смешни 5 франака а ревлонот 22. Така да ви ја препорачувам на сите што сакате трепки долги 100 метра, виткани и ненормално убави, а и за ниска цена. Морам да кажам дека есенс многу пријатно ме изненадува во последно време и мислам дека нема да се одделам од маскарава за многу време!
На страната на Clinique вели дека е $16 После многу многу испробани маскари конечно си ја најдов маскара по мој вкус,ги издолжува му дава супер волумен трепките и никогаш не ми ги залепува или затестува,има и бројчина и може да се поддеси ако сакаш по малку или повеќе маскара на трепките
http://www.lloydspharmacy.com/wcsst...gAssetStore/images/products/large/2048569.jpg за мене подобра од оваа маскара навистина нема
Јас незнам од almay козметикава дали има во Македонија мене ми е од Америка,многу е евтина $5 колку би дошло околу 250 денари,ама е многу убава,доказ дека не треба да е скапо за да е квалитетно
Вчера ја земав маскарава на Клиник беше на попуст од 24 евра ја земав 15 малку не ми се допадна четката , обична е ќе си речеш ништо посебно , но трепките со еден потег ги подигнува , и многу лесно се вади можам да кажам и полесно од Бенефит маскарата. Еве слика едното око е без маскара другото со маскарава на Клиник. А нареден пат ќе ја пробам и оваа сега не ја земав зашто маскарата на Бенефит има иста четкичка
Вчера си ја земав Рокетот да ја пробам, имам маскари доста моментално, ама за 175 ден намалена морав да ја земам. Уште не сум ја отворила, ама јуначко срце нема да издржи да не ја проба уште вечер. Слушав за неа позитивни критики, па се надевам е добра. Јас прво ја земав таа водоотпорната без да приметам, па продавачката ми рече, таа не е на 50% попуст туку обичната и си ја земав оваа. И подобро, мразам водоотпорни, зашто многу тешко се вадат и за секојдневна употреба не ги можам, да се нервирам со нив.
Убава четка има Рокетот а и трепките многу убави ги правеше јас ја користев но ме нервираше многу што не се вади лесно , мислам без трепки останав. Сега дали мојава нешто не чинеше стара ли беше незнам но моето искуство со неа тоа е
Абе за тие пари на коњ не му се гледаат забите. Реално за 175 денари, не можам да најдам подобра. Да беше по регуларна цена, би одбрала нешто друго, ама вака ќе врши работа
Не знам зошто сите се жалат дека тешко се вадела Рокетот, јас воопшто немам таков впечаток. Прво ја вадам грубо со влажни марамчиња, а потоа со топла вода. Да напоменам дека ја имам обичната, не водоотпорната. Трепките ги прави фантастични, најдобра маскара за цената според мене. Можеби кај секого е различно, баш пиши какво искуство си имала
Препорачајте некоја добра маскара ако сакате. Да е за издолжување и волумен и да не ги лепи трепките? Значи до 300 денари некаде.
Ќе ти кажам кои се добри,што јас ги имам пробано,немам обичај да давам многу пари за маскара така да...еве. Alverde xxl volumen 100 и нешто денари е,не ми текнува сега точно колку,лани ја купи сестра ми ама премногу е добра,ги подигнува трепките и ги раздвојува.Исто така и Alverde mascara all in one (ако ја има уште),таа уште повеќе ги подигнува. Avon Shock,259 денари,зависи нели,некогаш повеќе некогаш помалку. И Gosh Catchy eyes ама таа ти е малку поскапа мислам,околу 300 и нешто,незнам точно зошто јас ја земав со замена,кога имаше. Alverde козметика имаш во ДМ (ти кажувам ако случајно не знаеш,ако знаеш во ред) Најмногу ти ја препорачувам Алверде,не ги лепи трепките,другите по малку да.
За жал попустот траеше само на 26.12.2013, на самото отварање на ДМ-маркетот во Капитол. Сега пак си е по редовна цена маскарата, кој фати-фати беше работава.
Знам дека сум мала за ова, но љубопитна сум.. како да нанесам маскара без да имам грутки? Незнам дали е ова прашање поставено назад, неможам 200 страни да шетам.
^ Убаво ќе ја исчистиш четката од вишокот маскара кога ја отвараш секој пат. Некои маскари се такви, па колку и да внимаваш при нанесувањето тие пак оставаат грутки, но мене тоа ми се случувало многу ретко. Внимателно нанесувај и не ја „влечи“ четката само во права линија кон врвовите, туку движи ја во цик-цак од коренот до врвовите.