Задоволна сум многу...имам кратки ретки трепки што никако не можат да се средат како што треба сум ги пробала и маскарите на Мејбилин речиси сите но без ефект,единствено успеав да ги средам со помош на Супер Шок од Авон арно ама има една маана некако многу брзо ми се троши дали брзо се суши или незнам шо др е работата.Сепак ти ја препорачувам, се зависи од трепките до дека не пробаш нема да знаеш.
Преубава е,слободно си ја земи. Трепките ги прави погусти и подолги,а ако ставаш во повеќе слоја изгледа дури како вештачки трепки да имаш.Четкичката е дебелка и преубава,па кога ке ми се потроши со таа четка си ставам од некоја друга маскара.Само тоа и е мана што за разлика од другите побрзо се суши,или бидејќи е убава па неприметно ставам повеќе слоеви побрзо ми се троши.Земи ја нема да зажалиш,
^Фала ви многу на одговорите,ја имам рокетот више подолго време,ама мнооогу тешко се вади,па башка водоотпорната со сиот памет ја земав
^ Тешко се вади, меѓутоа не е толку трагично како што повеќето девојки опишуваат - паѓање трепки и црнила до бескрај. Мене не ми е толку тешка за вадење, треба да се биде малку поупорен за да се отстрани темелно, но дека е нешто премногу тешко што не може да се направи во рок од две-три минутки, не би се согласила воопшто. Јас секогаш прво ги поминувам трепките со влажно марамче, убаво ги накиснувам и пола од маскарата е веќе извадена. Потоа на памукче си ставам Бекутан млеко или масло - во зависност што ми се наоѓа по дома и убаво ги поминувам очите. П.С. Маскарата се чисти прелесно со средство наменето за вадење шминка од очи. Мицеларната вода на Bourjois одлично си ја врши работата и ниту на сон не би се откажала од ефектот на Рокетот.
Mishela, ова е таа вода што ја препорачуваш, така? Да си знам што точно да барам, зошто ако зависам од теткине по парфимериите господ знае со што може дома да се вратам Јас едвај ги вадам Мејбилин маскарите, со Фалсис ептен се намачив, со Колосал е за нијанса маааалку подобро (или веќе се испраксирав во вадење на маскарава ) ама навистина ми се проблем, па направив компромис - преку ден ја користам Супершок од Авон додека навечер, за искачање (т.е бркање дечковци ) ставам Мејбилин, зошто ефектот е стварно супер!
^ Да, оваа е. Мислам дека во Космо е 280 денари, има и мало пакување со помала милилитража, но оваа варијанта е поисплатлива. Барем според мене. Многу бавно се троши, доволно е да се капне два пати на ватичка и чисти ептен добро. Фолсис ми е втора омилена после Рокетот, жолтата Колосал толку време ја користев, што мислам дека се заситив од неа за цел живот. Четкичето на Колосалот е преубаво, ама Фолсис ги витка трепките неспоредливо подобро. Мејбилин се страшно добри за цената која ја имаат. Секако дека има каде каде подобри маскари, ама подобра им е и цената. Туку, приметив некоја нова маскара. Ја има некоја користено? Не сум седнала асално да прочитам што имаат да кажат блогерките на оваа тема, ама можеби некоја веќе си ја купила, па нека сподели информации од прва рака.
Мишела, не е нова маскарата. Ја имам сретнато на страната на мејбилин одамна. Туку, ја нема во Македонија. Инаку барам предлог маскара која што ти издолжува трепките, освен оние на мејбилин? Некоја со цена до 500 ден? Јас сум средно задоволна од рокетот. Некако нема доволен ефект на извиткани трепки. Да дека ги прави густи, но и прави а не извиткани. Барем кај мене е така. Па некој преглог?
Мaybelline Rocket Volume-мислам дека знаеш која е,зборена е мноооогу по форумов(само немој како мене да се обрукаш и во парфимерија да им побараш маскара Rocket queen..да,тоа го напраив).Не се рони,малце потешко се вади,ама ефектот е незаменлив. Вака изгледа,чини 350 и некој денар и е предобра. Deborah 24 ore absolute volume-oваа маскара ми е у срце,дефинитивно.Не се рони,се вади лесно..е,сега,не трае колку Рокетот,ама арна е. Јас ја земав на попуст 250,ама сега немам идеја колку е..Ефектот ми е исто преубав,онa,deep black lashes. Таа од лева страна што е.Има уште една 24 ore,ама јас ја имам оваа,другата и е малце деформирано паковањето,и таа ја немам пробано..
Откако прв пат ја видов маскарата,кога излезе, веднаш ја зедов и до ден денес ја користам, јас како што си ја викам ,,ракетна маскара,,. Немам никаква намера да ја сменам, зошто е повеќе од одлична. Јас сум многу задоволна
АВОН супер шок црната ,цената и е 460 сега на попуст е 180ден За волумен и трепки како лепеза Јас има кратки трепки ,како да ми ги грицкало нешто а со оваа ми се супер како вештачки Ја користам 3 години и ја земам кога е на попуст *2
Од Орифлејм има маскара една зелена многу е добра, ја добив на поклон, трепките се како вештачки од неа
Препорачајте ми некоја маскара до 200 денари пошто сите пари ги потрошив, не можам да си дозволам посакапа. Ама сериозна сум, еве вејќе трети пат ја ставам маскарата во топла вода. Утре одам да си купам.