Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маскара

Дискусија во 'Лице' започната од soledad, 21 ноември 2009.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Не, морам одма да си купам.
     
  2. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Ја земав оваа маскара на Голден Роуз во продавницата во центар 190 денари бепе. Маскарава е прекрасна трепките и ги згуснува и ги издолжува, баш како лепеза ги прави. А за вадење е баш како што сакам, само со вода одма се растекува и со тоникче после, 5ка е. Иначе за разлика од другите голден роуз не се рони. Имав две нивни и катастрофа ми беа се ронеа, ни 2-3 саати не можеш со нив, оваа цел ден си издрѓува без проблем. Одкако ја користам ниедна трепка ми нема паднато а мислам дека од останатите маскари како рокетот и лоерал телескопикот ми се изретчија ненормално многу.

    [​IMG]
     
    На SimonaTino и EMoonlight им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ептен сум задоволна од оваа розевава на Буржоа.
    Убаво ги издолжува трепките, не се вади лесно, не се рони, стои со саати, буквално со саати, наутро ќе ја ставам, ако не ја извадам во текот на денот, до пред спиење стои.
    Ги витка трепките и без виткачот, е сега треба малку повеќе труд да се извади, ама па и не се размачкува, затоа и не се вади 100 посто само со вода или влажни марамици.
    Сега дури и повеќе ми се допаѓа од црната, иста како оваа само во црна опаковка.
    [​IMG]

    Чиста 5ка е за ретки и кратки трепки, да не речам трепки оскудација :lol:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    ете ја оваа [жолтата на Golden Rose ја купив да ја пробам и искрено презадоволна сум.. ептееееееееееен ги издолжува трепките и ја како што иам екстра долги трепки со маскарава сум како трајни вештачки да иам :rofl: :lol:
    хахха и мн ги витка трепките исто така xD инаку претходно ја користев маскарата на Golden Rose ама црната 4x Ultra Volume
     

    Прикачени фајлови:

  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Маскарите на есенс, скоро сите се тука негде со цената (околу 200 денари)
    Јас ги имам овие користенo:

    Оваа убава ми беше, но малку ми се ронеше под очите после неколку часа.
    175 денари
    [​IMG]

    Оваа ми беше уште подобра изненадена сум каков ефект дава а е само 200-210 денари :wasntme:
    [​IMG]

    A oваа па многу брзо ми се исуши и многу мал период ја користев па не сеќавам на ефектот :worried:
    [​IMG]

    Има уште куп видови на маскари од Есенс, за тие пари дефинивно нема да погрешиш со Есенс :)
     
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Ве читам трепките ви паѓале од Мејбилајн Рокет зашто не се вадела.Епа ако ги трлате очите со вода и ја корнете маскарата нормално дека ќе ви испопаѓаат трепките.Со соодветен гел или течност за вадење шминка,одма се чисти маскарата и не се корнат трепки,ви гарантирам затоа што и јас ја имав.

    Инаку ја земав пред извесен период Орифлејм Very me (црна опаковка).Премногу е течна и тоа ја прави потешка за нанесување.Сосема просечна па дури и под просечна маскара.Ја земав ептен дека ми дојде до раце каталог и дека беше многу ефтина инаку не би ја купила по втор пат.Не сум фан на Орифлејм и Авон,освен на маскарата од Авон Super shock што е навистина добра.
    За мене сеуште не постои подобра маскара од Лоеал Voluminous Million Lashes .
     
  7. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Оваа маскара ја користам подолг временски период и сум презадоволна

    [​IMG]
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Презадоволна :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 4002554144601.jpg
      4002554144601.jpg
      Големина на фајлот:
      26,4 KB
      Прегледи:
      268
  9. Lolli

    Lolli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Мејбилајн Рокет е на намаление во Шатци , денес ја земав по ваша препорака и не згрешив, многу ми е подобра од Супершок на Авон. Поназад прочитав дека не ви се вадела , јас без проблем ја извадив со влажна марамица :)
     
  10. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Која и е цената во шатци?
     
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    А колку чини Max factor 2000 calories?
     
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    4.076
    Пол:
    Женски
    ^ 480 денари.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    За super shock max ли станува збор?Тиркизна или зелена...не можам да ја дефинирам бојата :lol: јас прв пат ја користам ама многу брзо ми се потроши и исуши, си мислев дека само на мене ми се случило, баш таа мојата таква се погодила :) бидејки со другарка ми во исто време си ја купивме, а на неа уште и се нема исушено :worried: А иначе онака е супер, задоволна сум, ми ги издолжува, згуснува и водоотпорна е.

    Разгледав така набрзина и гледам дека многу пофалби има Мејбилајн Рокет, па посакав да ја купам :) ќе морам да си купам нова бидејки Super Shock MAX од Авон ми се исуши многу брзо ( а можете да кажете и некој трик како да и го продолжам векот, додека си купам нова :lol:). А ме интересира дали ( а претпоставувам дека да, бидејки како што прочитав некој тешко ја вадел) е водоотпорна, бидејки јас имам проблем: на ладно време - особено на промена од топло на ладно - многу често ми солзат очите, ми се има случувано дури како да плачам и не ми одговараат обичните маскари, бидејки ми се растекуваат и ми прават црнило.
     
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ставај пудра во прав на трепките и околу очите и користи водоотпорна масакара.
    А за да го продолжиш векот на маскарата стави ја во топла вода,нека постои 15-20 минути додека се излади водата.
     
    На Dea8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bubamara96

    bubamara96 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Кажете некоја маскара која не ги издолжува трепките толку бидејки јас природно имам многу големи трепки и кога ќе ставам маскара трепките ми стануваат огромни :( Благодарам однапред ♥
     
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    [​IMG] Маскарава воошто не ја бива за цената
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Essence mascara 'I love extreme'
    [​IMG]
    Ја купив, бидејќи ми беше при крај маскарата и решив да сменам.
    Прво четката ми е поголема од окото, па додека да ставам маскара, лом се правам од страните. Трепките ми ги прави ужасни, слепени и тоа со еден слој, а за два не ни помислувам.
    Среќа не е скапа, некои 250 денари, па не ми е жал за парите.

    Avon mega effects mascara
    [​IMG]
    Интересен дизајн, очекував поголема маскара и по практична. Прочитав и доста позитивни критики за неа.
    Мене ми се погоди доста течна, при секое трепкање имав отпечаток на горниот капак и требаше цела вечност за да се исуши.


    Max factor 2000 calorie
    [​IMG]
    Најдоброто за крај.
    Предобра маскара. Со еден слој имам прекрасни трепки, одвоени, издолжени. Некогаш не употребувам ни виткач за трепки, бидејќи маскарава е фантастична! Си вреди за парите, цената и е околу 450/500 ден. +/- тука е.
     
  18. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Колку чини?
     
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.657
    Допаѓања:
    106.725
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Оваа е последната маскара што ја земав ,беше во сет со сенка за очи и гел туш и несесер од Есте Лаудер , читав на нет многу негативни коментари за неа, ама јас сум многу задоволна, убаво ги расчешлува трепките дека четчето е помало,не се рони, мене ми е многу убава дали се зависи од трепките, незнам :D