Ја порачав Авон Супер Шок,и еве стигна денес,леле луѓе,се заљубив во четката Преубава е,важно ми е што не ми ги прави трепките ко да ми се залепени една за друга,како што ми се случува со Рокетот Дефинитивно една од најубавите маскари што сум ги користела
Макс фактор имаат нова маскара, мислам дека наскоро ќе биде пуштена во продажба во ДМ, би требало и низ другите парфимерии, стигната е ама не е сеуште во продажба. Мене ми се гледа многу привлечна, спој е на четка од 2000 Calorie од едната страна, и False Lash Effect од другата. Маскарата е 20мл. Јас многу сакам да комбинирам 2-3 маскари со различни четки кога нанесувам на трепките, пример една за издолжување и една за волумен и подобар ефект добивам. Ова ми се чини ќе е баш фин производ. Се чека и да се проба, ма да не очекувам утка од нивни маскари, така да веќе проверена и подобрена варијанта 2во1 е маскарава.
Сум ја користела 3-4 пати, но некако многу брзо ми се суши. Нели си приметила? Инаку јас имам долги а многу прави трепки, и ретко да најдам маскара што ми одговара. И затоа користам подвиткувач. Има ли некој слични трепки како моите? Ако има која маскара ја користи, и дали притоа употребува подвиткувач?
Essence - i love extreme crazy volume mascara own: Позитивно: - гумена четкичка - не ги слепува трепките - супер лесно се вади Негативно: - crazy volume - утре сабајле, нула волумен - не е црна туку некоја бледо црна, смеѓа боја - многу малку ги издолжува треките (не е за луѓе со кратки трепки ко моите) Дава баш природен изглед, бар кај мене изгледа ко да немам ставено маскра, а сепак се гледа дека имам трепки (иначе без маскара изгледам ко без трепки да сум дека ми се кратки и светли). Очајна маскара не би ја купила повторно. own:
Се слагам. И мора супер споро да се става пошто мн боцка четкицата. Нема никаков ефект посебен баш онака природно со белдо црна боја. А толку позитивни критики се изначитав да ептен ме изненади што е толку лоша. Само са ептен итни случаеви ми стои во несесер во ташна
Веќе цела година ја користам,немам намера да ја променам сега за сега многу сум задоволна ,ти ја препорачувам.
Моментално ја користам Super Shock од Авон и да речеме сум задоволна, ако ставам друга маскара одоздола оваа за втор слој ми е совршена, меѓутоа за првиот кога треба да ги раздвојам трепките не е можно затоа што четката е огромна. Сакам да си ја земам пaк Max factor 2000 calorie, проблемот е што јас користам маскара буквално секојдневно и ставам по два слоја, за искачање некад и три и кога ја користев во средно ми се трошеше ептен брзо, што некако со другиве маскара не е случај. Дали се суши брзо или што е проблемот? Има некој слично искуство? Или може тогаш уште повеќе сум користела... Затоа и почнав со овие поевтините од Golden Rose, Avon и остали ама ниедна не и е рамна.
Дали некојa ја има користено новата маскара на Лореал мис манга,ако ја има ако сака да шепне каква е,дали сте здоволни од неа или?
Која е најдобра маскара на Римел? Мене ми се долги и густи трепките, немам потреба од некоја со "специјални ефекти", ми треба за секој ден. Ме мрзи да одам по парфимерии, сакам да си нарачам од Асос, затоа прашувам за Римел.
Некоја да знае каде можам да ја најдам маскарава? Ми беше дадена како подарок, при крај ми е а баш ми се погоди.
^Rainlover јас ја имам користено Scandal Eyes обичната и таа екстра црна. Задоволна бев иако на почетокот малку ми ги слепуваше и ми се размачкуваше но кога се подзасуши прекрасни ми ги правеше. Кај нас е околу 300 денари, на Асос мислам дека малку беше поскапа освен ако нема некој попуст сега. Мислам да си земеш поефтина штом немаш проблем со трепките, иако и оваа не е скапа.