Цурки има ли некаде инфо дека маскарава ќе ја донесат пак?Во Штип ја нема и во парфимеријата каде што има козметика на есенс ми кажаа дека веќе нема да ја донесуваат.Вистина или не? Оваа маскара ми е најубавата и најомилена досега што сум ја пробала..
И јас ја гледам на реклами на MTV, ама кога прашав пред една недела во Cosmo,таа ми рече дека ја немаат Ме интересира што пари е, ако ја има во МК.
Маскарава во нова верзија за извиткување и волумен ја има во колекцијата на Есенс пролет/лето 2014 која би требало наскоро да е достапна кај нас. Пакувањето е црвенкасто со такво исто четче како кај старава верзија само што е подебело.
http://www.goldenrose.com.tr/img/product/zoom/212.jpg дали некој ја има користено маскарава и колку сте задоволни од неа?!
да ја има...истото паковање ама наместо розеви букви има сини..или евентуално розеви букви ама пишува waterproof,зошто по интернетов имам видено и таква верзија,меѓутоа кај нас мислам ја има таа со сини букви
^^ Ја има, јас ја гледав неодамна во ДМ, многу се слични со обичната, само во буквите е разликата. Јас по грешка ќе ја земев водоотпорната.
Јас имам користено неколку маскари на голден роуз и сум многу задоволна а конкретно за оваа една другарка ја користи и навистина и ги прави трепките прекрасни фала за препораката обавезно ќе ја пробам
До сега најзадоволна сум била од маскарата на орифлејм, преубави ми ги прави трепките, не се лепи, не остава грутчиња а маскарата на Голден роуз ич не ми се допадна, ниту волумен им дава на трепките, се лепи..
Братучеда ми што работи во Зегин ми кажа дека многу им се трошела маскарата на голден роуз 110 ден. била.
Трепки Давајте некој совет како да ја нанесам маскарата убаво,кога ја редам сите трепки ми се лепат една со друга и иде како да имам 5 - 6 трепки со еден тон маскара на нив.Ајде реков да не е до маскарата ама,имам испробано разни маскари скоро сите видови од авон и орифлем,ама ке да е до мене а и да напоменам немам толку ретки клепки.
Трепки Јас со безопасна или со игла си ги разделувам трепките кога ми се залепени од маскара, секоја посебно си зазема позиција. Со остриот крај само на слепените иди измеѓу и раздели ги. Пазете само да не се повредите, ама не е нешто опасно ако правиш внимателно. Можеш да исчиштиш четка од стара маскара и да ја користиш како чешелче после нанесувањето за да ги разделиш убави сите трепки посебно.
Трепки Дали една маскара различно делува на различни типови трепки? Јас имам Maybeline Falsies Volume Express и Maybeline Rocket Volume Express и кога ќе нанесам од нив трепавиците ми се ужас А братучеда ми кога ќе стави од нив трепките и изгледаат прекрасно Дај кажете за никакви трепки каква маскара да купам, да не лупам само пари на нешто што не ми одговара Се извинувам прашањеето ако нее е за ова тема
Исто и јас како карина ги разделувам трепките на тој начин и навистина помага. Инаку,пред отприлика една недела ја купив маскарата на голден роуз со златно капаче што е таа,добра е,ама понекогаш ми ги слепува трепките.Не е нешто нај,но добра е.
Трепки Се си зависи од трепките,но и од маскарата. Мене исто не ми одговараат овие маскари на Мејбилајн,мо ги слепуваат трепките, а имам убави и долги трепки, истовтака тешко се вадат маскариве ,поготово рокет, мислиш без трепки остануваш. Пробај некоја друга, можеш на Loreal или Макс фактор,овие две на сликите, другарка ми има мали трепки и ко лепеза и ги прават маскариве Јас ги кристам овие две и сум пре задоволна
За да не ви се слепуваат трепките, при нанесувањето на маскарата движете ја четкичката цик-цак низ трепките. Ефектот е милион пати подобар отколку кога само го влечете четкичето нанапред. Толку време ја прктикувам тактикава, со ниту една маскара ми се немаат залепено трепките.
Жeни, абе попустот на маскарите на Буржоа беше во Космо така, -25 посто ама до кога? И во она смотаноно Капитол нема Космо? Врти сучи 10 минути не го најдов, а прдеж место е, да ми простите на речник, ама специјално до таму цепав пешки за Космо. Или јас сум ќора и не го најдов, или слабо ме излажале...