Значи официјално нема намалување на маскарите на Буржоа, зборувам за во Космо Сити мол, да не порачувам за џабе да ми ја купуват ако не е намалена
Девојки ви прави ли волумен Рокетот? И дали ги лепи трепките? гледав милион видеа на јутјуб и на секоја различно...и дали ги држи трепките извиткани т.е како што сте ја нанеле така да стои до вадење?? тенкјуу
На Голден Роуз 3Д маскарата е добра околу 150 ден. во црвено пакување, за издолжување е, и од Есенс во сиво пакување за волумен и издолжување воедно ги поткрева трепките околу 180 ден , за тие пари се добри
Веке никогаш нема да ја купам. После толку пофалби за маскарава, решив да ја сменам лореал, а незнам кој ѓавол ме тераше и ја купив Рокет... Маскарата се толку тешко вади што еден куп трепки ми испопаѓаа, дури еве вечерва се уплашив кога го миев лицето и директ во канта. Да, дава убав изглед на трепките но со само еден слој,со вториот веке ужасно многу ги лепи. Сум приметила и дека кога ставам еден слој, ако сакам да ги корегирам разделам трепките, нема шанси, пак ми се залепуваат.Стварно незнам што гледаат убаво девојките во неа, но јас скоро па ништо. Така да еднаш се излажав, втор пат нема шанси .
Преубава маскара и издолжува и дава волумен и има ултра црна боја, не се сеќавам на цената точно но над 200 не беше
Баш вчера проверив во City Mall, маскарите се намалени ама овој попуст не се однесува на сите маскари, туку само на 4..
Лореал без никакво размислување.Која и да одбереш од нивната палета на маскари нема да згрешиш.Доста долго време ги користам и стварно сум презадоволна. За Рокетот имам пишувано на страна на назад, а друга феминка за Вингс. Кога барате мислење секогаш пролистајте ги барем последните 5 страни, сигурно ке најдете нешто.
Ја користам оваа маскара подолго време,од друга маскара не сум ставила.Од некои што сум пробала очите ме печеа,од оваа не ме печат/чешаат.А и не е скапа.Имам и водоотпорна како оваа,задоволна сум и од неа.
За сите што ве интересира маскарава е од денес на попуст во ДМ по цена од 659 ден. Редовната цена и е 825 ден.
Трае само на флаери изгледа или па од први овој месец, зашто бев во петокот во Гтц во космо напишав подоле беа по 530 маскарите, плус ме смота таа нешто мислеше ќе ја купам. Ќе идам до зебра баш мора да има таму некој кој ќе ми објасни и башка тоа им е наголемо и опремено Космо. Кои 4тири конкретно виде?
Знаеш Хипстер кои ги има, таа mega volume во дебелко пакување црно со розево, новата што и се врти четкичката и други едни две као една во циклама боја со гумена четкичка и иста ко неа во црно пакување со дебела четка.
Ја користам маскарата на Max factor wild mega volume и можам да кажам дека е одлична, не само што дава одличен волумен на трепките туку исто така одлично ги издожува, а добро е што многу лесно се отстранува со млеко за шминка во еден потез.