Си ја купив оваа маскара, дали знаете друга маскара со таков облик на тубичка што ќе ја собере четкичката на оваа . Откако ќе ја потрошам да ја користам четката од оваа барем на 2,3 месеца да купувам од неа, вака за секој месец ми е скапа да купувам од оваа маскара
Jaс доаѓам да ја пофалам маскарата Volume Glamour Max Definition Mascara, oдносно: Убаво ги издолжува трепките и дава волумен, а најважно од се: не ми ги лепи трепките. Кога го видов четчето бев скептична, ама кога пробав не зажалив. Супер е.
И во шатце има намаление на маскарите на буржоа, покрај друга козметика и ми се чини дека се дури и поевитини од Космо за некои 10-20 денари, Пример онаа во розе-црната опаковка 370 а во Космо ако памтам добро е 390.
Абе може, јас ги имам и двете и затоа што оваа Боржуа ми е при крај и не ми се допаѓа веќе течноста, ја брцкам во рокетот и ефектот е милион пати подобар отколку со четката што ја има Рокетот. За друга не знам, но со Рокетот на Мејбилин ова е 100% возможно.
^ Мене виолетовата ми е поубава од Рокет заради четкичката. Има поубави влакненца и не гребе така како што е случај со Рокетот.
За сите оние кои ја користат Рокетот да ве известам дека во Космо е намалена од 359 на 290 ден, а и има и уште две маскари на Менхетен намалени и една на Римел до крајот на месецов.
Многу сум разочарана од маскарата на Малена. Ја добив како подарок и по неколку дена целата е како грутка направена, воопшто не е добра ни за нанесување
Последно ја земав Maybelline One by One. И предходно ја имам пробано и многу ми се допадна. Има гумена голема четкичка која дава волумен и издолжува иако е гумена четкичкава воопшто не гребе.
Јас ја користам оваа http://spindelsven.files.wordpress.com/ ... scara.jpeg и ми е мн добра,отприлика е 400 и нешто ден.
Девојки има ли водоотпорна верзија на Maybelline One by One кај нас?? не можам да одлучам помеѓу неа и Рокетот - но доколку нема водотпорна ке мора рокетот да ја земам
Многу добра маскара. Едно време само неа ја користев. Ама веќе ми здосади , па ја сменив. Инаку е супер