Најубава маскара досега што ја имам користено , презадоволна.Што е најбитно ги држи трепките кренати , не ги спушта веднаш како некој маскари.
А јас имам едно прашање.. Ја имам Рокет маскарата, но ми е при крај. Е бидејќи не сум во можност моментално да купам пак иста, а четкичката многу ми се погоди, препорачајте ми некоја поефтина маскара со која што би можела да ја користам истата четкичка? А и која цена е маскарата Max factor 2000 calorie rich black?
Земај некоја маскара на есенс или може да земеш од едни пазараски копија демек од мејблин исто им е пакувањето , па може да ти одговара со четкичето , немам пробано од овие вториве.Инаку макс фактор е 480.
Доколку ти одговара, подобро почекај си и присобери за Rocket отколку друга да не ти врши работа и да трошиш повторно и повеќе пари. А и не е толку скапа. Кога веќе даваш 200ден. за друга маскара, причекај малку и додај уште 100 и ќе имаш маскара наместо импровизација. И во секоја продавница има различна цена. Разгледај и можеш да ја земеш од онаму каде што е со најниска цена која може да варира и до 100ден. разлика.
Рокет моментално во Космо е 290, што е супер цена со оглед на тоа дека под 320-30 ретко каде барем јас ги наоѓам овие маскари.
Задоволна сум од маскарата на Буржоа твист ап, само чудно ми е кога кажете со еден потег ги имате посакуваните трепки , дали јас сум голем перфекционист со високи барања , ама со ниедна маскара не можам да добијам долги трепки лепези со еден, два потега . Наредна на листа ми е Лореал може таа ќе го даде посакуваниот ефект.
Јас доаѓам да ви препорачам една маскара. Сама си ги купувам шминките, со пари што јас си ги заштедам. И пошто никогаш немам доволно пари за скапа козметика, бидејќи не сум добра во штедење си ја купив маскарата Малена. Маскарата е 130 денари. За ефект- вау донт аск. Презадоволна. Си заштедив повеќе пари и секогаш ќе си имам маскара сега. Квалитетот е предобар за тие пари. Како за џабе е. Пробајте ја. На мене најбитно ми беше да не паѓа и да ми се размачкуваат очите, ама не паѓа. Ми ги издолжува клепките и јас сум задоволна ептен. Четкичката не е баш добра, но може да користете четка од друга маскара, тоа е најмал проблем.
Многу ми го изпофалија на голден роуз златната маскара кошта 250-280 и е перфект некоја нова ке да е јас прв пат ја гледам
И јас имам слушано за маскарава,па ако некоја ја има користено нека пише два-три збора и слика ако може
Oваа маскара ја користи другарка ми, многу се фали од неа....јас еднаш ставив чисто да видам што како е маскарата и можам слободно да кажам дека беше ок, небеше лоша воопшто, трепките се фантастични, ама има една мана многу е водеста на почетокот кога ке ја купиш,ке треба малку време да се потсуши и биде ок....на почетокот кога ставаш, се се размачува како што трепкаш, покасно станува феноменалнаааа........тоа е за оваа маскара, чини најмногу до 150 ден.
Maybelline Colossal i Max Factor 2000 calorie дефинитивно најдобрии маскари...чат пат знам да корисстам и понекоја маскара од орифлејм ,добри се ,ама од првите две секогаш морам да имам во несесер
После скоро сите испробани маскари од мејбелин бев скептична да ја купам и пробам one by one satin black но се одлучив и ја земав.Моиве клепки,ако можам така да ги наречам станаа клепкишта!Значи подобра маскара засега јас немам видено а богами и клепките мои 10/10 преемногу ми се погоди,мислам дека нема да ја сменам подолго време.
ако ја имаш користено жолтата за волумен од истата марка ја сум презадоволна еве 3 по ред ми е и некако скептик сум да ја променам па сакам да ми кажеш меѓу оваа црвенава и жолтава која е подобра дали следна маскара да ми биде оваа црвенава или да си останам на жолтава малку ме замислува четкичкава на црвената мислам да сите маскари што имаат гумени четкички не даваат многу волумен или можеби грешам а мене највеќе ми е за волумен
Баш напротив,оваа повеќе ги чешла клепките и им дава поголем волумен.Мене шота шота ми играат клепките (без навреда) хоп едно влакно хоп друго,па маскарава ми се погоди топ!