Последно си ја зедоов оваа, но не сум нешто воодушевена како што ми ја фалеа, многу водлеста ми е некако.
Јас моментално ја користам оваа маскара од Мејбилин и сум презадоволна. Трепките ми ги прави со гооолем волумен. Maybelline The Rocket Volum
Јас ја користам истата маскара со години и задоволна сум.Не ги прави тврди и суви трепките,а им дава форма и и ја истакнува должината.Малку е потечна.но пред да нанесеш неколкупати протни измешај ја смесата со четката.
И falsies виолетовата е многу убава. Мислам дека таа ми даваше највпечатлив волумен баш каков што сакам.
Ја имам пробано Falsiea виолетовата и не бев нешто посебно воодушевена.Не можам да кажам дека беше лоша, но не ми беше подобра од One by One.
Моментално оваа ја користам. Убави ги оформува трепките, не ги слепува. Не е лоша, само што би сакала да најдам некоја и да ги згуснува
Еве и од мене една кратка рецензија за маскарава: Max Factor 2000 calorie - Dramatic volume, 470 денари, во Космо. Маскарава е совршенство, ја користам континуирано веќе неколку денови и со сигурност тврдам дека е една од подобрите ако не и најдобрата маскара што ја имам користено. Јас немам многу големи трепки, онака средни ми се, ама со било кој маскара се истакнуваат и ми изгледаат убаво, така што првично мислев дека не е до маскарата, ама кога ја нанесов пред некој ден, добив многу коментари за трепките кои буквално како лепеза ми беа, како вештачки трепки. Волуменозно и црни, извиткани и истакнати совршено. Најбитно од се ми беше тоа што маскарава не се вади лесно, ама не се вади и претешко како Мејбилајн Рокет, поради која останав без трепки. Пресовршена ми е и не планирам да ја сменам, барем не скоро. 10/10
Си се почастив денес ваква од ДМ, случајно налетав и кога видов попуст си реков мора да се искористи инаку ја немам користено али читав доста пофалби на темава па да видиме како ќе се покаже
Си се подновив со нова маскара на Misslyn.Маскарата е за волумен 1,бидејки има повеке бројчиња. Предобра маскара која дава се, должина,волумен,баш е црна,лесно се вади...Слободно може да им парира на поскапите маскари од тип на Лореал,Артдеко и сл.Не се ни сомневав во квалитето знаејки дека Мислин е козметика на Артдеко.Комотно може да се стават два слоја, нема да ги залепи трепките.Ја иа во Шатце,цената и беше 300 и нешто.Јас на попуст ја зедов 260.Препорачивам Рокетот дефинитивно да го фрлите, бидејки е нула за оваа маскара.
Мислин козметика имаш во Шатци парфимерии Инаку и мене ми ја пофалија маскарава дека била одлична, па планирам и јас да си ја земам нареден пат. Моментално ја користам на Артдеко All in One, на подарок ја добив и тоа во пакување со две маскари . Да ги дотрошам, па ќе си ја земам Мислин. Со оглед на тоа што и Мислин ги произведува Артдеко, не се сомневам дека е добра
Џенцки кое Шатци е најснабдено,со оглед на тоа дека не го посетувам ама ради Мислинот се спремам одамна да го посетам Слушам сега и поспуст имало па да се ставам у трошок