Мама25, не знам за најснабдено, ама тоа во Бисер ги има буквално сите производи на Мислин. Јас кога купував коректор, ги имаше сите можни нијанси, исто и од кармините и лаковите. Штандот преполн беше
И јас треба да си купам маскара, само сега ме замисливте. Која да ја земам, таа од ДМ на Маx Factor 2000 calorie, или оваа на Мислин? Не сум ги користела до сега.
Макс Фактор 2000 калории ja користев нонстоп порано, со години. Прекрасна маскара, совршени ги прави трепките, и волумен, и должина и се'. Оваа што е на попуст е нова, со сменета формула, веќе извесно време ја нема онаа старата 2000 калории. Новава не сум ја пробала, некои викаат дека е сменета и дека не е иста како претходната, а некои пак велат дека е иста. Ете Лепа ја пофали наназад Инаку, порано маскарава беше доста поскапа, околу 800-900 денари, а сега откако и' ја сменија формулата, драстично е поевтина. А Мислинот ми ја пофали колешка на работа, ја гледам секој ден и прекрасни и' се трепките навистина, затоа и сакам да ја пробам Горе-долу тука се со цената и двете маскари, ама сепак да се прашувам јас, за нијанса предност би и' дала на Макс Фактор. Како и да е, мислам дека огромна грешка не можеш да направиш со ниедна од двете
Јас подобра? зависи што бараш..иако големата четкичка по изглед е поинаква,кај мене маскарава го има истиот ефект како Falsies..малата четкичка е супер,минијатурна за долните трепки тамам...проблемот што јас го имам е што ми се рони..првите неколку саати имам црни ронки по лицето..ако се исчистам после неколку саати тој проблем го немам во однос на ефектот за мене е исто како да ја имам Falsies плус со четкичка за долните трепки
Не бев нешто при пари а,и не ми се даваат многу пари за маскара па ја земав оваа од Малена,89 денари е.Јас сум задоволна.
^ А јас сум страшно разочарана од таа. Ја имав еден период, т.е ја купив и еве ја сега ми стои полна. Не ја користам. Четката и е лоша, маскарата ми паѓаше и ме правеше лом под очите. Не ни очекував нешто повеќе од кога ја купив, се гледаше каква е.
Маскарата Infinitize Авон - многу ги издолжува трепките, многу луѓе ме прашуваа која маскара ја користам . Ја препорачувам
Дали ја имате негде видено Maybelline Falsies Flared маскарата?Во Космо ги има само Maybelline Falsies Black Drama и Maybelline Falsies Feather Look.
Јас ја имам пробано таа од Орифлеј и многу бев задоволна. Во принцип не сум фан на козметиката на Орифлејм, ама маскарата ја добив како подарок и навистина се изненадив. Препорачувам
Двете ги имам користено, и двете се добри, меѓутоа Wonder Lash од Oriflame е подобра. Може да пробаш прво со таа на Golden Rose бидејќи е поефтина (до 150 денари), а и може да ти се погоди.
Си ја порачав онаа новата од авон со лесна формула за волумен ли, што знам. Ја има некој веќе земено да каже добра ли е?
^ Јас ја користам, т.е веќе не.. готово, ми се истроши во рок од три недели Кратко кажано најобична маскара, ништо посебно, стандард издолжува трепки, мене ужасно ме нервираше што ПРЕЕЕМНОГУ ми се ронеше и цела бев црна под очите со трошки ! Единствена добра работа во маскарава е тоа што стварно не се осеќа дека имаш маскара ставено, не ти тежат трепките ,а ти се издолжени Тоа е супер, ама за мене џабе не проаѓа зошто премногу се рони ,и плус се исуши за неполни три недели..Kако и со повеќето маскари од Авон, освен мега ефектот, таа ми е најтоп маскара во Авон и вреди ептен за парите ! Според мене оцена 2/10 own: