Ја имаш ли користено? Или некоја од нив, имам видено во неколку бои?? П.С. Која од маскарите на Maybelline (од оние што ги има кај нас) им дава и волумен и должина на трепките, т.е. која мислите дека е најдобра? Ја меркам Rocket volume а се мислам и за жолтата Colossal Дали вредат за тие пари, околу 300 и нешто денари, или да си додадам уште 150-200 и да си ја купам 2000 caloriе?
Маскарава само мене ли ми е сува? ми делува како да е стара Ја земав од ДМ на попуст, демек да го искористам попустот, ама изгледа одкако и го сменија пакувањето и ја сменија и формулата. Ја имав користено таа старата, ама таа и оваа не се споредуваат ни од далеку Повеќе ми се исплатеше изгледа да ја земам оваа на мислин.
Оваа ја користам неколку месеци, јас ко што имам никакви трепки ретки и тенки, оваа ми ги згуснува доста, личам на нормален човек. Доста задоволна сум, а и не се суши и не се рони.
И јас ги имама плавата и виолетовата. Ептен им се добри. Бојата се познава, а и трепките ги прави убави, густи
Оваа маскара .. дали е иста како и оваа? Која им е разликата? Инаку ја имам користено првата, задоволна бев па сакам пак да ја купам, а се мислам и помеѓу ова втората па не знам која.
втората маскара има пластична четка , јас не бев задоволна воопшто, ми ги лепеше трепките , а и мноооогу тешко се вади
Мене пак Рокетот ми е супер, ниту тешко се вади, ниту ми ги слепува трепките, ама ме нервира затоа што ми се рони премногу за доста кратко време откако ќе ја нанесам. Не би ја купила пак, жолтата мислам дека е многу, многу подобра.
Јас ти ја препорачувам пак првата.Рокетот и на мене ми ги слепуваше трепките и многу грдо изгледаа,башка ти треба пола саат да се извади. Колосал ти е најдобра,или пак оваа пак од Мејбелајн:
Јас ја имам Рокетот, по голем број препораки на форумот.Ја превртев мислам цела тема за Маскари и само пофални зборови прочитав.Али јас не сум нешто фасцинирана, немам проблеми со вадењето, али не е нешто wow маскарава, следен пат ќе ја земам таа жолтата од мејбилајн па ќе видиме како ќе се покаже
Новата на Авон да ја пофалам. Мноогу им дава волумен на трепките, стварно не се ни осеќа дека ја имаш ставено, мене ич не ми се рони и ми трае 6-7 саати без да ми се сплескат трепките, шо не било со другите маскари. Сега за сега ми е супер, натаму ќе видам каква ќе се покаже.
И јас гласам за Фалсис чиста 10ка има од мене! Инаку, јас сум позадоволна од Рокетот отколку од Колосал - имам ретки трепки и рокетот убаво ги дефинира и дефинитивно делуваат побујно. Што се однесува до вадањето, Мејбилин маскара е, што друго очекувате
Имате ли користено некоја од овие две маскари? Читав дека се на листата на најдобри 10 за 2014 година.
Што мислите за маскарата супер шок ??? прочитав дека за мн кратко време се сушела и дека не била добра но од друга страна има многу што ја фалат ?? ваше мислење ??
Јас ја купувам со години и не ја менувам..последната ја земав пред 3 месеци и дури сега е исушена. Четката е многу убава и им дава многу волумен на трепките. Презадоволна сум од супер шок.